Slide

Вести

Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот

Slide

Освен логото, брендот добива и нова поедноставена палета на бои и фонтови, развиени од тековната фамилија на фонтови на Citroën.

28/09/2022

Францускиот автомобилски производител Citroën го претстави комплетно новото лого и новиот бренд идентитет. Од следната година, новото лого ќе се аплицира на моделите од овој бренд.

Добро познатите два шеврони остануваат во центарот на новиот бренд идентитет. Двата шеврони кои од 2009 година имаат тродимензионален металик дизајн, сега се сместени во нов овален дизајн кој потсетува на оригиналното лого на брендот од пред повеќе од еден век.

Освен логото, брендот добива и нова поедноставена палета на бои и фонтови, развиени од тековната фамилија на фонтови на Citroën.

Како дополнување на сивата и белата како базични бои, Citroën отсега ќе користи и контрастни бои како на пример сината Monte Carlo боја која ќе биде аплицирана и на продукциските возила. Дополнително, нова нијанса на црвена ќе ја замени тековната црвена. 

Интересно е што е задржан слоганот од пред 22 години “Nothing moves you like a Citroën”,

Со промената, францускиот бренд во рамките на Stellantis групацијата сака да ја симболизира новата ера на електромобилноста. Винсент Кобе, извршниот директор на брендот вели “При започнувањето на веројатно највозбудливото поглавје во нашата 103-годишна историја, време е за воведување на модерен нов изглед. Нашиот идентитет е елегантен симбол на прогресот, бидејќи ние и во пракса ги внесуваме нашите клиенти во смели, напредни возила кои ги предизвикуваат традиционалните правила во индустријата”.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск