Slider

Вести

Citroën го започна продажниот процес на новиот C4 во Франција

Slider

Купувачите можат да порачаат C4 за да бидат меѓу првите кои ќе добијат примерок од освежувањето во компакт класата, а последниот квартал ќе биде тој во кој Citroën подготвува испорака на автомобилот од кого се очекува да биде меѓу најпродаваните модели на брендот

10/09/2020

Citroën има големи очекувања од новата генерација на C4, а целосно новиот автомобил ќе пристигне во продажните салони со модерен кросоверски дизајн и дополнување со електрична изведба.

Францускиот бренд најави дека C4 и електричниот ë-C4 ќе бидат достапни на сите пазари до крајот на годината, но веќе го отвори продажниот процес на домашна територија.

Купувачите можат да порачаат C4 за да бидат меѓу првите кои ќе добијат примерок од освежувањето во компакт класата, а последниот квартал ќе биде тој во кој Citroën подготвува испорака на автомобилот од кого се очекува да биде меѓу најпродаваните модели на брендот.

Во Франција, почетната цена во изведба со солидна опременост за малку надминува 20.000 евра, бензинските изведби ќе бидат достапни со мотори со 110, 130 и 155 коњски сили, додека дизелот ќе може да се добие со 110 и 130 коњски сили, при што помоќниот мотор е поврзан со осум-степена автоматска трансмисија.

Електричната изведба на C4 ќе игра важна улога во периодот кога алтернативните погони имаат се поголема важност за производителите, а со помош на субвенциите стануваат и се почест избор на купувачите.

Електричниот C4 ќе добие моќност од 136 коњски сили и автономија со едно полнење од 350 километри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider