Skip to content

Вести

Citroën и DS добија нови CEO, искусниот Коби доаѓа на местото на Линда Џексон

Линда Џексон заминува на друга важна функција во рамките на групацијата и останува близок соработник на нејзиниот прв човек Карлос Таварес, па нејзиното место на најодговорната функција во Citroën ќе го заземе Венсан Коби

15/01/2020

Француската групација PSA денеска ја информираше јавноста дека во иднина брендовите Citroën и DS ќе имаат нови главни извршни директори (CEO).

Линда Џексон заминува на друга важна функција во рамките на групацијата и останува близок соработник на нејзиниот прв човек Карлос Таварес, па нејзиното место на најодговорната функција во Citroën ќе го заземе Венсан Коби.

Французинот кој својата последна функција во авто-индустријата ја имаше во Mitsubishi, стана дел од Citroën во октомври минатата година, a зад себе има 17 години професионално искуство како член на алијансата Nissan-Renault.

PSA Groupe истовремено и укажа голема доверба на уште една дама, откако реши премиум брендот DS во иднина да биде воден од Беатрис Фуше, која исто така има историја во Renault-Nissan, а на новата групација и се приклучи во април минатата година.

Фуше ќе го замени Ив Бонфан, кој доби слични задачи како и Линда Џексон и во иднина ќе работи на подобра диференцијација на брендовите во портфолиото, како и нивната позиционираност во однос на купувачите и географските региони.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend