Slide

Вести

Citroën ќе добие нов CEO, Линда Џексон заминува на друга функција

Slide

17/10/2019

Францускиот бренд Citroën ќе добие нов CEO, а тоа ќе биде Венсан Коби, Французин кој има големо искуство во автомобилската индустрија, – тврдат европските специјализирани медиуми.

Коби ќе ја замени Линда Џексон, првата Британка која доби толку висока функција во автомобилската индустрија, а истите извори велат дека Џексон ќе биде префрлена на друга функција во групацијата PSA.

Новиот предводник на Citroën e на 51-годишна возраст, а во минатото извршуваше високи раководни функции во Nissan и Mitsubishi, пред да ја напушти алијансата во периодот откако нејзиниот прв човек Карлос Гон беше уапсен во Јапонија.

Производителот не ја потврдил информацијата и појаснил дека Коби во моментов е член на менаџментот на Citroën, a очекувањата се дека главната задача која ќе ја добие од Карлос Таварес е да ги подобри продажните резултати надвор од Франција.

Коби и Таварес работеа во иста групација, но вториот ја напушти во 2013-та, за една година подоцна да биде назначен за CEO на PSA Group и засега на оваа функција постигнува импресивни резултати.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба