Slider

Новитети

Citroën ќе има комплетно електрично семејство на комерцијални возила во 2021 година

Slider

Францускиот бренд потврди дека за една година, односно во последниот квартал на 2021 година ќе има комплетно LCV семејство на електричен погон

06/10/2020

Електрификацијата во гамата на Citroën ги најави плаг-ин хибридниот C5 Aircross и електричниот C4, но во иста насока се движат и заложбите во однос на комерцијалните возила.

Францускиот бренд потврди дека за една година, односно во последниот квартал на 2021 година ќе има комплетно LCV семејство на електричен погон.

Во Европа веќе е достапен ë-Jumpy, чија автономија со едно полнење изнесува до 330 километри, додека следната година ќе започне комерцијализацијата на поголемиот ë-Jumper, кој ќе ги задржи своите карго квалитети, додека истовремено ќе обезбедува автономија од 340 километри.

Последен на ова друштво ќе му приклучи електричниот Berlingo, кој ќе се приклучи на актуелната понуда на популарниот модел кој е достапен како комерцијално и патничко возило.

Со ë-Berlingo, Citroën ќе го комплетира електричното семејство на комерцијални возила и ќе биде меѓу првите производители со ваква понуда за компаниите и индивидуални професионалци.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider