Skip to content

Стории

Citroën оствари најдобар резултат во Европа во последните осум години

Растот од 1,2% на европскиот пазар значи позитивен тренд веќе шест години наназад и зголемување на продажбата за 30 проценти во споредба со 2013 година

18/01/2020

Променливите услови на одредени пазари имаа влијание врз продажбата на сите автомобилски брендови, но Citroën гордо го истакнува фактот дека во календарската 2019-та, постигна најдобар резултат во Европа уште од 2011 година.

Растот од 1,2% на европскиот пазар значи позитивен тренд веќе шест години наназад и зголемување на продажбата за 30 проценти во споредба со 2013 година.

Линда Џексон како досегашен CEO на Citroën пред своето заминување од функцијата го потенцираше фактот дека ја исклучува продажбата во Кина од целосните резултати, бидејќи на овој пазар францускиот бренд започна процес на реструктуирање.

Ако се елиминира азиската земја од продажниот биланс, Citroën во 2019 година продал 10.000 автомобили повеќе во останатиот дел на светот, а во Европа бројката изнесува 835.000.

Пазарниот удел е зголемен за о,2% до 4,7%, а ефектот од комерцијализацијата на C5 Aircross посебно се почувствува во Франција каде тој стана втор најпродаван SUV, а брендот дојде до пазарен удел од 11,5%. Интересен е и растот од 27 проценти во Јапонија за најдобар резултат последните 20 години, пред се поради прифатеноста на бестселерот C3.

Францускиот производител може да биде задоволен и од своите подобрени резултати во земји како Бразил, Турција, Мароко, Израел и Египет, а новиот предводник Венсан Коби ќе има задача да ја исполни стратегијата за кинескиот пазар каде најавените новитети треаба да ја подобрат ситуацијата на Citroën.

За оваа 2020 година е најавен почетокот на продажбата на плаг-ин хибрид изведбата на C5 Aircross, како и премиерата на новиот C4 кој ќе добие и електрична изведба. Новата генерација на C4 ќе го наследи актуелниот C4 Cactus и ќе се произведува во фабриката во Мадрид.

Во нашата галерија откријте ги петте најпродавани модели на Citroën во 2019 година.

5. C4 Cactus
5. C4 Cactus
5. C4 Cactus
Најпродаваната петорка започнува со авангардниот C4 Cactus. Минатата година биле продадени 76.208 автомобили од овој модел произведени во Мадрид

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
4. C3 Aircross
4. C3 Aircross
4. C3 Aircross
Кросоверот на Citroën продолжува да биде меѓу најпродаваните во класата. Во 2019 година стигнал до 114.117 нови купувачи
Кросоверот на Citroën продолжува да биде меѓу најпродаваните во класата. Во 2019 година стигнал до 114.117 нови купувачи
Кросоверот на Citroën продолжува да биде меѓу најпродаваните во класата. Во 2019 година стигнал до 114.117 нови купувачи
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
3. C5 Aircross
3. C5 Aircross
3. C5 Aircross
Првата година од комерцијализацијата на компактниот SUV ги донесе очекуваните резултати. C5 Aircross е испорачан во 122.123 примероци
Првата година од комерцијализацијата на компактниот SUV ги донесе очекуваните резултати. C5 Aircross е испорачан во 122.123 примероци
Првата година од комерцијализацијата на компактниот SUV ги донесе очекуваните резултати. C5 Aircross е испорачан во 122.123 примероци
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
2. Berlingo
2. Berlingo
2. Berlingo
Новата генерација на Berlingo достапна како патнички и комерцијален ван ја потврди традиционалната популарност меѓу купувачите (154.149 примероци)

1. C3
1. C3
1. C3
Шармантниот C3 ја задржа улогата на бестселер и во 2019 година. Citroën испорача 241.092 примероци на C3 или тој претставува скоро четвртина од продажбата

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend