Новитети
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Чувството на удобност ќе биде засилено преку специјалната конфигурација на суспензијата која е адаптирана за условите во Индија, каде дури 40% од патиштата не се асфалтирани.
Целта на Citroën е да го зајакне пазарниот удел во дел од високо растечките пазари. C3 е првиот од трите планирани модели кои производителот планира да ги лансира на пазарите во Индија и Јужна Америка
Во следните три години Citroën планира да лансира три нови модели во Индија и Јужна Америка. Најпрво ќе се појави новиот Citroën C3, чија продажба се очекува да започне во првата половина на следната година.
Мало возило со SUV елементи
Моделот кој е креиран за пазарите во Јужна Америка и Индија според димензиите може да се позиционира помеѓу моделите C3 и C3 Aircross. Карактеристичен е по големиот клиренс, високо поставената хауба и повисока положба на седиштата. Овие карактеристики упатуваат на инспирација од моделите C4 и C5 X.
Предниот дел вклучува дводелен светлосен елемент – трепкачите и дневните светла се поставени горе, а под нив се поставени средните и долгите светла. Нив ги поврзува хромирана лајсна која се протега низ целата ширина на возилото, по што се двои во Y форма во пределот кон светлата.
И страничниот дел е инспириран од возилата во SUV сегментот. Пластичните облоги кон краевите на тркалата и на вратите му даваат робустен изглед на C3. Големите тркала, клиренсот од 180 милиметри, страничните прагови и кровните шини се елементи карактеристични за SUV возилата.
Во внатрешноста, хоризонталната колоритна инструмент табла се протега по целата ширина на кабината. Меѓуоскиното растојание на C3 овозможува просторност, чувство кое се очекува да биде нагласено преку комфорните седишта.
Чувството на удобност ќе биде засилено преку специјалната конфигурација на суспензијата која е адаптирана за условите во Индија, каде дури 40% од патиштата не се асфалтирани.
C3 ќе овозможи поврзување на мобилните телефони преку Apple Carplay и Android Auto. Десет-инчниот инфотејнмент екран ќе служи како централна контролна единица. Овозможено е полнење на три мобилни телефони истовремено преку исто толку USB приклучоци. Во багажниот простор има задоволителни 315 литри товарен волумен.
Должината од безмалку четири метри (3.98м), го прави моделот атрактивен на пазарите на кои ќе се продава. Апетитите на клиентите ќе се задоволуваат и преку сеопфатни можности за персонализација, преку комбинација на бои и ентериери, што претставува карактеристичен адут на брендот.
Сè уште не се октриваат детали во врска со моторите и цените. Моделите ќе се произведуваат локално на соодветните пазари започнувајќи од првата половина на следната година. Моделите кои ќе се продаваат во Индија ќе се произведуваат во Шенаи, додека оние наменети за Јужна Америка ќе се произведуваат во Бразил.
Повеќе содржини за Citroën: