Slider

Вести

Clio февруарски лидер во Европа, Peugeot e-208 го достигна Model 3

Slider

Volkswagen Golf ретко го отстапува првото место, но според „JATO Dynamics“, во февруари Renault Clio успеал да го преземе врвот со мала разлика и поради помалиот пад додека Golf прави промена на генерациите

25/03/2020

Процесот на промена на генерации кај Volkswagen Golf му овозможи на Renault Clio да ја искористи предноста што е подолго на пазарот и да го преземе првото место меѓу најпродаваните модели во Европа во месец февруари.

Според анализата на „JATO Dynamics“, вториот месец на годината донел помала продажба за 7 проценти во однос на истиот месец минатата година и е реална најава за она што може да се очекува со мартовските резултати на кои сериозно влијание ќе има коронавирусот.

Ова е најлош февруари (1.063.024 продадени примероци) по тој од 2015 година, а позитивна вест добија само електрифицираните изведби чија продажба се зголемила за 80 проценти, односно во февруари се продадени 135.500 примероци.

Франција е лидер на пенетрацијата на електрифицирани возила (14%) на најголемите европски пазари, по што следуваат Велика Британија, Германија и Шпанија. Во Норвешка тие опфаќаат 75 проценти од целата продажба.

За овој дел од статистиката мора да се потенцира дека во февруари, електричниот Peugeot 208 e на третото место на електро-мобилите (3.481) и со многу мала негатива во однос на Tesla Model 3 (3.695). Лидер останува Renault Zoe со продадени 6.391 примерок.

Плаг-ин хибридите се предводени од Mitsubishi Outlander (2.483), додека кај самополнечките хибриди доминира водечкото трио на Toyota, составено од Corolla, C-HR и Yaris.

Интересна е промената на врвот меѓу најпродаваните модели. Volkswagen Golf ретко го отстапува првото место, но според „JATO Dynamics“, во февруари Renault Clio успеал да го преземе врвот со мала разлика и поради помалиот пад додека Golf прави промена на генерациите.

Ова е анализа сметајќи ги бројките од вкупно 27 европски пазари, а последен пат Golf не беше лидер во септември 2018 година и тоа како последица на воведувањето на WLTP хомологацијата.

Зад нив се Peugeot 208, Opel Corsa и Fiat Panda, три модели кои забележале позитива и имаат подобри позиции во однос на февруари 2019 година. Од останатите кои се во Топ 25, раст има кај Fiat 500 (15%), BMW 3 Series (73%) и VW Passat (+54%).

Најпродавани модели во февруари 2020 (ЕУ 27)

1. Renault Clio 24.914 (-4%)
2. VW Golf 24.735 (-21%)
3. Peugeot 208 20.923 (+7%)
4. Opel Corsa 18.406 (+7%)
5. Fiat Panda 17.680 (+10%)
6. Ford Focus 16.730 (-10%)
7. Citroen C3 16.254 (-18%)
8. VW Polo 16.181 (-28%)
9. Skoda Octavia 14.853 (-11%)
10. Toyota Yaris 14.488 (-10%)

Експертите на JATO истакнуваат уште неколку модели кои не се продаваа во февруари 2019 година, а имаат солидни бројки. Тоа се новата Toyota Corolla (13.564), VW T-Cross (11.600), Ford Puma (7.500) и Skoda Kamiq (5.700).

Кај брендовите, Volkswagen останува на врвот со продажба од 118.989 примероци, но со намалена продажба за 8 проценти, а намалување забележаа и Peugeot, Renault и Mercedes кои го следат до четвртото место. Брендови кои имале подобар февруари од ланскиот се Toyota (+11%), BMW (+4%), Kia (+9%) и Seat (+8%).

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider