Вести

Corolla е автомобил на годината, три класици влегоа во јапонската автомобилска „Куќа на славни“

Годинава Toyota Corolla е избрана за јапонски автомобил на годината, најдобар увозен автомобил е Mercedes A-Class Sedan, BMW Z4 доби награда за дизајн на годината, а признание доби и Nissan за технологијата Pro Pilot 2.0

25/11/2019

Јапонија има долга и богата традиција во автомобилската индустрија и останува земја со многу глобално популарни брендови, а секоја година одреден број на експерти и докажани имиња од браншата ги избираат новите членови на автомобилската „Куќа на славни“.

Покрај важните личности кои оставиле печат во развојот на она што денеска претставува авто-индустријата во оваа земја, почести добиваат и одредени легендарни модели.

Во категоријата историски автомобили, годинава свое место меѓу најславните јапонски модели добија Mitsubishi A Type, Mazda Eunos и Isuzu Elf Model TL151.

Претставникот на Isuzu e многу популарно доставно возило од 1959 година, кое ги освоиле Јапонците со својата функционалност, но и економичен и ефикасен дизел мотор.

Eunos Roadster првпат е произведен од луксузниот подбренд на Mazda во 1989 година, доживеа четири генерации и низ светот се продаени над 1 милион примероци кои импресионираат со своите возни карактеристики и перформанси.

A Type е првиот автомобил во историјатот на Mitsubishi, па се чини и најмалку изненадува што конечно е дел од ова јапонско легендарно друштво. Mitsubishi A Type дебитирал пред повеќе од еден век, односно во 1918 година, а произведени се само 22 примероци.

Интересно е што истата непрофитна организација прогласува и автомобили на годината од најновите модели и тоа во повеќе категории.

Годинава Toyota Corolla е избрана за јапонски автомобил на годината, најдобар увозен автомобил е Mercedes A-Class Sedan, BMW Z4 доби награда за дизајн на годината, а признание доби и Nissan за технологијата Pro Pilot 2.0.

Mitsubishi A Type
Mitsubishi A Type
Mitsubishi A Type
Првиот модел на Mitsubishi e ентузијастички потфат кој резултираше со 22 примероци, но во 1918 година ја започна историјата на јапонскиот производител

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Mazda Eunos Roadster
Mazda Eunos Roadster
Mazda Eunos Roadster
Луксузниот подбренд на Mazda потпиша интересни модели меѓу кои и роудстерот кој по 1989 година се продаде во над 1 милион примероци
Луксузниот подбренд на Mazda потпиша интересни модели меѓу кои и роудстерот кој по 1989 година се продаде во над 1 милион примероци
Луксузниот подбренд на Mazda потпиша интересни модели меѓу кои и роудстерот кој по 1989 година се продаде во над 1 милион примероци
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Isuzu Elf TL151
Isuzu Elf TL151
Isuzu Elf TL151
Доставното возило од 1959 година ги освоило Јапонците со својата функционалност, издржливост и економичниот дизел мотор
Доставното возило од 1959 година ги освоило Јапонците со својата функционалност, издржливост и економичниот дизел мотор
Доставното возило од 1959 година ги освоило Јапонците со својата функционалност, издржливост и економичниот дизел мотор
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК
Toyota Corolla
Toyota Corolla
Toyota Corolla
Истата организација го прогласи и автомобилот на годината, а признанието го освои новата генерација на Toyota Corolla
Истата организација го прогласи и автомобилот на годината, а признанието го освои новата генерација на Toyota Corolla
Истата организација го прогласи и автомобилот на годината, а признанието го освои новата генерација на Toyota Corolla
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider