Вести

Купе-караван верзијата на Kia Ceed пристигнува со GT и GT line пакети

Kia Proceed успева да обезбеди повеќе од солиден простор за возачот и патниците во кабината, а истовремено ги потврдува семејните вредности со функционалениот багажен простор, чиј основен капацитет е дури 594 литри.

23/08/2019

Македонската промоција на Kia ProCeed уште еднаш ги истакна квалитетите на овој автентичен производ на корејскиот бренд, наменет да ги импресионира купувачите на европскиот континент.

„Киа Моторс Македонија“ пред специјализираните новинари го промовираше автомобилот чија основа е новата генерација на Ceed, но шармира со својата „шутинг брејк“ градба, која во реалноста ги комбинира предностите на караван и купе.

Спортско-авангардната силуета на ProCeed e надградена со врвно дизајнирани елементи на ентериерот, а оваа Kia ќе се наметне кај купувачите и со префинетиот стил на ентериерот, кој во зависност од приоритетите, може да добие и поспортски печат.

Kia Proceed успева да обезбеди повеќе од солиден простор за возачот и патниците во кабината, а истовремено ги потврдува семејните вредности со функционалениот багажен простор, чиј основен капацитет е дури 594 литри.

Оваа трета каросериска изведба во Ceed семејството ќе биде достапна со GT Line и GT ниво на опременост, при што во моментов се достапни 1.4 и 1.6-литарските турбо бензинци со 140 и 204 коњски сили, како и 1.6-литарскиот дизел мотор со 136 коњски сили.

Овие мотори може да се комбинираат со 6-степен мануелен менувач или 7-степена DCT трансмисија со двојна спојка, а важно е да се потенцира дека највисоко поставениот ProCeed GT под поклопецот доаѓа само со најмоќниот бензинец.

Посебен квалитет на Kia ProCeed е богатата опременост, па уште со подостапната GT Line изведба се добиваат целосни LED светла, 8-инчен екран со навигација, 17-инчни алу тркала, стартување на мотор со копче, двозонска клима, задна камера, поврзаност со Android Auto и Apple CarPlay и голем број возачки и безбедносни системи, вклучувајќи го и тој за спречување фронтален судир со автономно запирање.

Македонскиот импортер „Киа Моторс Македонија“ ги повикува во своите продажни салони сите оние кои сакаат да се запознаат со новиот и храбар ProCeed, а сите информации може да се добијат и преку нивната интернет страница.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider