Skip to content

Новитети

Cupra Ateca Limited Edition – Жешка SUV порција со специјални зачини

Неколку карактеристики ќе ја одвојуваат оваа специјална верзија на Cupra Ateca од класичната, а во однос на екстериерот, тука се три специјални бои, надополнети со спортски 20-инчни двобојни фелни, 18-инчни Brembo сопирачки и спојлер во препознатливата бакарна боја на задниот дел, изработен од јаглеродни влакна

29/10/2019

Cupra веќе ги финишира подготовките за промоцијата на својот прв самостоен модел Formentor, неодамна во Франкфурт го претстави и атрактивниот концепт Tavascan, a во меѓувреме ги импресионира своите фанови со својата спортска изведба на Ateca.

Првиот автомобил кој го доби логото на Cupra е многу повеќе од класичен SUV модел, а точно 1.999 фанови/купувачи ќе имаат можност да ја добијат изведбата која ќе биде комерцијализирана како Cupra Ateca Limited Edition.

Неколку карактеристики ќе ја одвојуваат оваа специјална верзија на Cupra Ateca од класичната, а во однос на екстериерот, тука се три специјални бои, надополнети со спортски 20-инчни двобојни фелни, 18-инчни Brembo сопирачки и спојлер во препознатливата бакарна боја на задниот дел, изработен од јаглеродни влакна.

Карбон-фибер присуството е проширено и на ретровизорите, и во дел од кок-питот, а Cupra Ateca Limited Edition ќе добие и Алкантара детали на вратите и седиштата, заедно со уште неколку естетски потези на дизајнерите, го истакнуваат специјалниот карактер на овој автомобил.

Тој е надополнет и со Acrapovic титаниумски издувен систем кој носи специфичен динамичен звук, но и намалена тежина за седум килограми.

Cupra Ateca Limited Edition очекувано ги задржува техничките спецификации, што значи дека располага со 300 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm, a од место до 100 км/ч забрзува за 4,9 секунди.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend