Slider

Вести

Cupra Formentor е првиот официјален автомобил на фудбалскиот клуб Барселона

Slider

Првите примероци од Launch Edition ќе добијат посебни детали на екстериерот и во ентериерот, а ќе располагаат со 2.0-литарскиот мотор со 310 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm

08/07/2020

Фудбалскиот гигант Барселона ќе биде официјален партнер на брендот Cupra наредниов период, а моделот Formentor во иднина ќе биде прв официјален автомобил на овој клуб.

Првиот самостоен модел на шпанскиот бренд за спортски автомобили ќе биде користен од шпанскиот клуб за службени потреби, но можност да го управува ќе има и секој фудбалер на оваа екипа, кој дополнително ќе може да си избере и дополнителни опции за соодветно персонализирање.

Именувањето на Formentor за прв официјален автомобил на ФК Барселона доаѓа во моментите кога Cupra најави почеток на резервирањето за првите примероци од специјалната едиција на идниот спортски SUV.

– Именувањето на Formentor за официјален автомобил на фудбалскиот клуб Барселона е природен потег. Овој модел е дизајниран, развиван и ќе се произведува во Барселона, градот каде двата бренда се родени и од каде го инспирираат светот, – вели Вејн Грифитс, CEO на Cupra.

Првите примероци од Launch Edition ќе добијат посебни детали на екстериерот и во ентериерот, а ќе располагаат со 2.0-литарскиот мотор со 310 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm.

Од следната година, Cupra Formentor ќе биде достапна и со плаг-ин хибрид погон со 245 коњски сили и електрична автономија од 50 километри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider