Slide

Вести

Cupra Formentor и Polestar 2 со импресивни EuroNCAP резултати

Slide

03/03/2021

Безбедноста мора да биде приоритет за возачите и сите учесници во сообраќајот, а EuroNCAP продолжува со тестирањата по кои им ги доделува соодветните оценки на новите модели.

Последни автомобили кои го минаа ригорозниот тест на EuroNCAP и за кои веќе се објавени резултатите се Cupra Formentor и Polestar 2.

Атрактивниот SUV со спортски карактер кој е прв самостоен модел на Cupra влезе меѓу најдобрите три учесници во финалето на изборот за Европски автомобил на годината, а Formentor сега доби потврда и за врвната безбедност.

Петте ѕвездички се добиени со успешни оценки во четирите категории, при што кај заштитата за возрасни патници стигна до оценка 93%. Заштитата на деца патници изнесува 88%, оценката за безбедносните системи е 80%, а заштитата на пешаците е оценета со 68%.

Од друга страна, електричниот Polestar 2 исто така импресионираше со резултатите во сите категории, а активниот поклопец му овозможи оценка 80% и кај заштитата на пешаци.

Во другите категории Polestar 2 заврши со оценка 92% (заштита на возрасни патници), 89% (заштита на деца патници) и 86% (безбедносни системи).

Ваквиот епилог на краш тестот не е изненадување ако се знае дека основач на Polester е Volvo, а безбедноста на автомобилите на новиот бренд се контролира во специјализираниот центар на Volvo во Гетеборг.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели