Slider

Вести

Cupra Garage – Специјален дом за специјален бренд

Slider

Во меѓувреме, Cupra ја претстави новата генерација на Cupra Leon, првиот Leon кој ќе вози со логото на новиот бренд, а премиерата ја искористи и за свечено отворање на Cupra Garage, новиот дом кој се наоѓа веднаш до централата на Seat во Марторел

02/03/2020

Специјалени автомобили за специјални луѓе, вака отприлика брендот Cupra сака да ги претставува своите модели чиј број набрзо ќе биде поголем и кои ќе го претставуваат автентичниот ген на перформанс производителот кој доби можност за самостојна борба на автомобилскиот пазар.

Cupra ги зголеми своите амбиции во 2020 година, а откако од формирањето на брендот од страна на Seat се продадени речиси 40.000 примероци со потпис со бакарна боја, деновиве ќе биде претставен првиот самостоен модел, поточно атрактивниот SUV кој го доби името Formentor.

Во меѓувреме, Cupra ја претстави новата генерација на Cupra Leon, првиот Leon кој ќе вози со логото на новиот бренд, а премиерата ја искористи и за свечено отворање на Cupra Garage, новиот дом кој се наоѓа веднаш до централата на Seat во Марторел.

Задржувајќи го својот приоритет да биде пионер и постојано да претставува иновации, Cupra Garage е изградена од иновативни материјали и дизајнирана во таков дух, а еко-ефикасниот карактер овозможува автоматско регулирање на температурата во „гаражата“ според надворешните услови.

Она што дефинитивно не може да остане незабележано е големото (3,9 x 3 метри) лого на Cupra во препознатливата бакарна боја, поставено на централно место на фасадата на Cupra Garage.

– Со Cupra Garage поставуваме дополнителен темел на структурата во период кој е екстремно важен за брендот. Годинава ќе го зголемиме нашето присуство на пазарот со Cupra Leon и Formentor, а ќе станеме активни и на повеќе интернационални пазари. Со новата централа, обезбедуваме ресурси и оперативна база за идниот раст, – вели Антонино Лабате од раководството на Cupra.

Атрактивната централа на Cupra го сврте вниманието поради својот уникатен концепт и дизајн, располага со 2.400 квадратни метри на два ката, а истата е изградена веднаш до професионална патека. Тоа подразбира дека покрај административниот, истражувачкиот и промотивниот карактер на обврските кои ќе бидат реализирани на една локација, тука се и развојот и тестирањата кои ќе бидат достапни на иста локација.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider