Slider

Вести

Cupra ја продолжува офанзивата со премиера на Formentor во Женева

Slider

Со речиси 40.000 продадени примероци со логото во бакарна боја, Cupra зема залет меѓу фановите на спортските автомобили, а токму Formentor треба да биде сериозен предизвик бидејќи се работи за SUV модел кој ќе има што да и каже на конкуренцијата

24/02/2020

Официјалната премиера на Cupra Leon пред четири дена малку ја засени подеднакво важната информација која ја објави раководството на шпанскиот перформанс бренд, а се однесува на Саемот во Женева.

Истата го потврди дебито на Cupra Formentor на претстојниот голем автомобилски настан во халите на „Палекспо“, со што брендот формиран од Seat ќе го добие и првиот самостоен модел во својата кратка историја.

Со речиси 40.000 продадени примероци со логото во бакарна боја, Cupra зема залет меѓу фановите на спортските автомобили, а токму Formentor треба да биде сериозен предизвик бидејќи се работи за SUV модел кој ќе има што да и каже на конкуренцијата.

Техничките детали за Formentor остануваат тајна барем уште некој ден или најдоцна до премиерата на почетокот на март, но шпанските специјализирани медиуми најавуваат дека овој автомобил многу брзо ќе се најде во продажните салони.

Formentor изминатиов период беше претставуван како концепт, односно прототип, но се чини дека нема да има промени и на верзијата за сериско производство, а најголемата дилема е поврзана со погонските единици.

По премиерата на Cupra Leon, јасно е дека и Formentor може да ги преземе истите погонски единици, но прашање е дали ќе биде исклучиво плаг-ин хибрид со 245 коњски сили или пак ќе има и опција со 2.0 TSI бензинскиот мотор во изведби со 245 и 310 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider