Вести
Cupra ќе го произведува Tavascan, Seat најави електричен кросовер до 2025 година
Шпанските брендови Seat и Cupra денеска ја одржаa својата годишна конференција на која раковдството објавни интересни детали за нивната иднина.
Информацијата која ќе израдува многу фанови на Cupra е дека атрактивниот Tavascan дефинитивно ќе влезе во сериско производство во 2024 година, а истовремено е најавен и достапен електричен кросовер на Seat до 2025 година.
Tavascan беше претставен како концепт на последното издание на Саемот во Франкфурт и беше еден од најатрактивните автомобили на овој собир, а сега Cupra го најави кросоверот како свој втор самостоен електричен модел.
По моќниот Formentor кој веќе е во продажба, до крајот на годинава Cupra ќе го претстави и електричниот Born, па Tavascan ќе биде дополнително збогатување на понудата на електричен погон, достапна во 2024 година.
Seat до 2025 година ќе понуди електричен кросовер чија цена ќе се движи меѓу 20.000 и 25.000 евра, што според првиот човек на брендот, Вејн Грифитс ќе значи овозможување пристап на повеќе купувачи до автомобилите на електричен погон.
Повеќе содржини за Seat: