Slider

Новитети

Cupra Leon: Жешкиот компакт доби PHEV изведба и максимални 310 КС

Slider

На гала свеченост во Марторел, Cupra го претстави своето ново седиште кое е сместено до централата на Seat и го доби името Cupra Garage, а главна ѕвезда на вечерта беше новата генерација на Cupra Leon

20/02/2020

Денешниот ден со цела своја симболика (20.02.2020) ќе биде забележан како важно поглавје во историјата на Cupra, пеформанс брендот формиран од Seat кој во својата кратка историја веќе има речиси 40.000 продадени примероци.

На гала свеченост во Марторел, Cupra го претстави своето ново седиште кое е сместено до централата на Seat и го доби името Cupra Garage, а главна ѕвезда на вечерта беше новата генерација на Cupra Leon.

Претставен е првиот Leon кој ќе го носи логото на Cupra, a со подобра аеродинамичност, променет дизајн на предниот браник, специјални 18 или 19-инчни тркала со Brembo сопирачки и елементи во бакарна боја, Cupra Leon ќе се издвојува од својот класичен роднина со ознаките на Seat.

Cupra Leon ќе ги добие сите технолошки напредни системи кои неодамна беа претставени во новата генерација на класичната изведба, вклучувајќи ги и напредните карактеристики во однос на инфо-забавниот систем и конективноста, па и 12,3-инчната дигитална инструмент табла која е достапна со дополнително мени во „спорт“ модификација.

Cupra Leon во хечбек и ST изведбата добива мотор со 245 коњски сили, хечбекот ќе биде достапен и со 300, а ST изведбата со 310 коњски сили и погон на четири тркала. Ако перформансите се според посакувањата, можеби ќе има разочарани фанови поради одлуката за неутрализација на мануелната трансмисија, односно сите погонски единици комбинираат DSG трансмисија.

Овој модел го апострофира и процесот на електрификација откако Cupra Leon ќе биде достапен во плаг-ин хибрид изведба, што подразбира 1.4-литарски бензински мотор, електро мотор и 13 kWh батерија за вкупни 245 кс, но и автономија на електричен погон до 60 километри.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider