Slide 1
Slide 1

Вести

Cupra најави пожестока изведба на Formentor со мотор со пет цилиндри

Slide 1
Slide 1

04/02/2021

Брендот Cupra подготвува уште едно изненадување за фановите на SUV перформанс моделите, а тоа ќе биде најмоќната изведба на првиот самостоен модел Formentor.

Дебито на Formentor донесе сериозен интерес меѓу купувачите кои сакаат да ја имаат привилегијата да бидат меѓу првите купувачите на автомобилот со лого во бакарна боја, а идниот Formentor VZ5 дополнително ќе ги помести стандардите.

Cupra ќе го искористи бензинскиот мотор со пет цилиндри на Audi и во ревидирано издание ќе го постави под поклопецот на VZ5, изведба од која се очекуваат околу 400 коњски сили.

Првата рендер фотографија најавува атрактивен спортски SUV, чии дополнителни елементи ќе му донесат посебно место во понудата на Cupra, а се очекуваат внимателно избрани елементи и за ентериерот.

Повеќе детали ќе бидат познати на 22 февруари, за кога е најавена премиерата на VZ5, со што брендот Cupra на најдобар можен начин ќе го прослави својот трет роденден.

Повеќе содржини за спортски модели:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“