Slider

Вести

Cupra закажа промоција на првиот Leon кој ќе го носи логото на новиот бренд

Slider

Овој Leon ќе биде прв кој ќе го носи логото на Cupra, производителот најавува нови стандарди меѓу „жешките“ компакти, а претставувањето ќе биде искористено за промоција и на Cupra Leon Competicion и електричниот Cupra e-Racer

11/02/2020

Шпански Seat го одреди 20. февруари како ден на кој брендот Cupra ќе ја претстави својата интерпретација на новата генерација на Leon, а притоа покрај класичниот модел, ќе бидат претставени и неколку изведби наменети за натпревари на патека.

Новиот Cupra Leon ќе располага со сериозен потенцијал во однос на перформансите, а покрај хечбекот, во ваква конфигурација и со логото на Cupra автомобилот ќе биде достапен и во ST изведба, како и со плаг-ин хибриден погон.

Овој Leon ќе биде прв кој ќе го носи логото на Cupra, производителот најавува нови стандарди меѓу „жешките“ компакти, а претставувањето ќе биде искористено за промоција и на Cupra Leon Competicion и електричниот Cupra e-Racer.

– Досегашниот Leon Cupra беше бестселер на новиот бренд со околу 44.000 продадени примероци од последната генерација. Со промоцијата на новиот Cupra Leon, ќе го зајакнеме брендот Cupra со преставување на нов идентитет на препознатлив автомобил. Новиот Cupra Leon ќе биде крал на сите Leon-и, – истакнува Вејн Грифитс, CEO на Cupra.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider