Slider

Новитети

Dacia ги претстави новите Sandero, Sandero Stepway и Logan

Slider

Освежувањето на дизајнот кај сите три модели ќе ги направи попривлечни за купувачите, а заеднички им е Y потписот на светлата, кој во иднина ќе биде заштитен знак на моделите на Dacia

29/09/2020

Третата генерација на Sandero, кросовер изведбата Sandero Stepway и седанот Logan носат нов позитивен бран за брендот Dacia, кој најавува уште поголеми амбиции со помодерните верзии на дел од најпопуларните модели.

Неодамна најавени, а утринава потврдени со сите детали, Sandero, Sandero Stepway и Logan ќе ја користат CMF платформата која веќе е позната од понудата на Renault, a истата овозможува поголема безбедност и понапредни системи интегрирани кај овие автомобили.

Освежувањето на дизајнот кај сите три модели ќе ги направи попривлечни за купувачите, а заеднички им е Y потписот на светлата, кој во иднина ќе биде заштитен знак на моделите на Dacia.

Новиот Sandero ветува поголем простор во кабината, Sandero Stepway со својата робусност и задржан клиренс ќе привлекува фанови на кросовери, додека новиот Logan порасна за 3,6 сантиметри и доби поголемо меѓуоскино растојание.

Во кокпитот Dacia се потрудила да ги оправда очекувањата на возачите, па покрај 8-инчниот екран за инфо-забавниот систем, во игра се и многу повеќе опции, а романскиот бренд најавува и поголема безбедност со повеќе системи, вклучувајќи го и автономното сопирање.

Sandero, Sandero Stepway и Logan барем на почетокот ќе бидат достапни со 1.0-литарски бензинец со три цилиндри, кој може да биде поврзан со 6-степена мануелна или CVT трансмисија. Производителот не најави дизел мотор за новата генерација на ова трио.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider