Slider

Новитети

Dacia го најави својот прв електричен автомобил со концептот Spring Electric

Slider

Најавената автономија со едно полнење на батеријата на идната Dacia базирана на концептот Spring Electric, ќе изнесува 200 километри, а премиерата се очекува на почетокот на следната година

03/03/2020

Електрификацијата ќе стане реалност и во гамата на Dacia, откако производителот го промовираше концептот Spring Electric, со кој го најави својот прв електричен автомобил.

Dacia најавува најдостапен електричен кросовер во класата, со многу модерни вредности и карактеристики кои ќе го направат овој автомобил посебно популарен меѓу купувачите кои ги следат трендовите.

Најавената автономија со едно полнење на батеријата на идната Dacia базирана на концептот Spring Electric, ќе изнесува 200 километри, а премиерата се очекува на почетокот на следната година.

Се очекува електричната Dacia да се произведува во Кина, заедно со својот технички близнак, Renault K-ZE кој е наменет за локалниот кинески пазар, a ќе се продава и во Индија.

Кинеската верзија на K-ZE располага со 44 коњски сили и автономија од 250 километри (NEDC), а француските медиуми велат дека нејзината Dacia изведба веројатно ќе биде и електричен модел со најдостапна цена од околу 15.000 евра.

Во моментите кога фабриката во Романија ќе може да произведува електрични автомобили, производството од Кина ќе може да се префрли на европска територија, a субвенциите во одредени земји дополнително ќе ја намалат цената на првата електрична Dacia.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider