Slider

Новитети

Dacia го претстави својот прв електричен модел

Slider

Овој модел на Dacia ќе се произведува во Кина, ќе биде понуден на одреден број европски пазари, a во спецификацијата се најавени 33 kW како моќност и автономија со едно полнење до 271 километар

15/10/2020

Традицијата на Dacia e поврзана со успешниот обид да понуди достапни автомобили, а со првиот електричен модел ја пренесува таа амбиција и на пазарот на автомобили со алтернативен погон.

Попладнево, Dacia го претстави моделот Spring Electric, кој веќе беше најавен со концепт, а сега и официјализиран со најава за почеток на продажбата.

Според најавата, кросоверот Spring Electric ќе се докажува во најактуелниот сегмент со исклучителна практичност и просторност во кабината, а Dacia вели дека електричниот автомобил ќе биде достапен и како кар-шеринг и комерцијална изведба.

Овој модел на Dacia ќе се произведува во Кина, ќе биде понуден на одреден број европски пазари, a во спецификацијата се најавени 33 kW како моќност и автономија со едно полнење до 225 километри.

Spring е долг 3,75 метри, капацитетот на багажникот изнесува 300 литри, додека засега не е објавена цената која сигурно ќе биде интересен детаљ.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider