Slider

Вести

Dacia ќе ги повлече Dokker и Lodgy од својата понуда, најавен поголем SUV од Duster

Slider

Според европските медиуми, Dacia става крај на животниот век на Dokker, кој беше достапен како патничко и комерцијално возило, односно на моноволуменот Lodgy

30/11/2020

Романскиот бренд Dacia неодамна ја претстави новата генерација на за себе ултра важните Logan и Sandero, a дел од новата стратегија на марката е крај на производството на неколку модели.

Според европските медиуми и пред се француски „Ларгус“, Dacia става крај на животниот век на Dokker, кој беше достапен како патничко и комерцијално возило, односно на моноволуменот Lodgy.

Dokker и Lodgy не можат да се пофалат со сериозни бројки на европскиот пазар, па затоа Dacia веќе започнала со подготовка на целосно нови модели, кои ќе го заземат местото на овие два, а приоритет е наследникот на Lodgy.

Очекувано, според актуелните трендови, новиот модел ќе има SUV силуета, но ќе понуди простор за седум патници како кај Lodgy, a ќе ја користи истата платформа на Logan и Sandero.

Поголемиот брат на Duster треба да биде претставен следното лето, а ќе се произведува во Питешти, Романија.

Повеќе содржини за SUV модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider