Slide

Вести

Dacia ќе продолжи да произведува и продава возила со мотори со внатрешно согорување и по 2030 година

Slide

Dacia има само еден комплетно електричен модел, тоа е моделот Spring кој се произведува во кинеската провинција Хубеј од страна на компанијата Донгфенг.

20/09/2022

Dacia, нискобуџетниот бренд во рамките на Renault Group, ќе продолжи да продава возила со мотори со внатрешно согорување сѐ до дека е тоа можно, изјави Денис Ле Вот, извршниот директор на брендот.

За разлика од брендот Renault, чии планови вклучуваат производство на исклучиво комплетно електрични автомобили по 2030 година, Dacia ќе продолжи со продажба на тековните бензински и дизел погонски изведби сѐ до 2035 година, кога ќе стапи на сила ЕУ регулативата според која сите нови возила мора да бидат со нула Co2 емисија, што би значело можност за продажба или на комплетно електрични возила или со погон на водород.

“Renault ќе продолжи да биде предводник во развојот на електрични автомобили; тоа вклучува големи ризици”, изјави Ле Вот минатата седмица, за време на презентација во близината на Париз. “Но, токму поради ова и постои Dacia. Во зависност од тоа колку брзо пазарот ќе се сврти кон електричните мотори и желбите на клиентите, Dacia ќе биде тука да ги опслужи со конвенционалните погони. Затоа и двата бренда може заедно да коегзистираат”, додаде тој.

Dacia има само еден комплетно електричен модел, тоа е моделот Spring кој се произведува во кинеската провинција Хубеј од страна на компанијата Донгфенг. Според Менаџментот на Dacia, брендот ќе се електрифицира штом технологијата стане подостапна, останувајќи на прмеисата за производство на евтини и достапни возила.

Но, и покрај посветеноста на мали и економични бензински мотори, Dacia во 2023 планира во своето портфолио да додаде и модел со хибриден погон, како дополнителна изведба на компактниот кросовер Jogger.

Хибридниот Jogger ќе го користи E-Tech хибридниот систем на Renault, кој беше воведен во 2020 година.

Инаку, моделите на Dacia се продаваат на голем број на пазари надвор и од Европа, најмногу во земјите во развој.

Renault, од друга страна, производител кој пред една декада заедно со Nissan беше пионер во однос на електричната технологија, во изминатите неколку години е засенет во Европа од новите играчи како Tesla и електричните модели од VW Group.

Во обид за враќање на старите патеки, Renault од следниот месец планира да креира два различни оддели, едниот за развој на возила со електрични мотори, а другиот за развој возила со мотори со внатрешно согорување.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба