Вести
Dacia планира поголем SUV како замена за актуелниот Lodgy
Романскиот производител веќе го има успешниот Duster, но смета дека може да стигне до солидни бројки и со поголем SUV кој ќе располага со седум седишта
Групацијата Renault веќе ја најави новата стратегија која ќе донесе и промена на моделската понуда, а сосема очекувано, дел од неа е уште еден SUV модел на брендот Dacia.
Романскиот производител веќе го има успешниот Duster, но смета дека може да стигне до солидни бројки и со поголем SUV кој ќе располага со седум седишта.
Најавите на романските медиуми е дека се работи за 4,5 метри долг автомобил, поставен на продолжена верзија на CMF-B платформата, а се очекува и поинаква силуета во однос на Duster, со што ќе се добие повеќе простор во кабината.
Овој иден SUV модел ќе добие нова генерација на инфо-забавен систем, кој претходно ќе дебитира кај новиот Sandero, а се очекуваат и неколку важни безбедносни системи како дел од пакетот.
Очекувањата се дека новиот Dacia SUV со 7 седишта во понудата ќе ги има 1.0 и 1.3-литарските бензинци, како и 1.5-литарскиот dCi мотор.
Новиот модел со логото на Dacia веројатно ќе го замени моноволуменот Lodgy, кој и покрај функционалните квалитети, продаде само нецели 29.000 примероци во текот на минатата година.
Повеќе содржини за SUV модели