Slide 1

Вести

Dacia пополни важна позиција со дизајнер од Aston Martin

Slide 1

28/06/2021

Групацијата Renault го назначи Мајлс Нирнбергер за нов главен дизајнер на брендот Dacia, што би требало да биде долгорочно решение за оваа важна позиција.

Алехандро Месонеро-Романос се повлече од истата функција по нецела година откако беше назначен и во меѓувреме ја презеде Alfa Romeo, па Dacia мораше брзо да реагира и се одлучи за Нирнбергер.

Се работи за искусен дизајнер кој ја започнал кариерата во Lincoln, работел на повеќе брендови во француска PSA Group, а од 2008 година беше дел од Aston Martin.

Како дизајнер за екстериер, Нирнбергер има важна улога во изгледот на актуелните DBX, Valkyrie, DB11 и концептите Lagonda Vision EV, а сега ќе биде задолжен за актуелната гама, но и неколку нови модели кои ги најави романскиот бренд за наредниве години.

Повеќе содржини за Dacia:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla