Вести
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Tesla успеа да продаде 17,437 примероци од својот SUV, што претставува 160% повеќе споредено со истиот месец лани, а само 240 примероци помалку од Sandero.
Dacia успеа да продаде 17,677 примероци од малиот хеџбек во февруари, што претставува зголемување од 41% споредено со истиот месец минатата година.
Единствениот модел кој му стои на патот на Sandero во битката за првата позиција, според прелиминарните податоци, е Tesla Model Y.
Tesla успеа да продаде 17,437 примероци од својот SUV, што претставува 160% повеќе споредено со истиот месец лани, а само 240 примероци помалку од Sandero.
Податоците се добиени по обработени 94% од продажбите во Европа (ЕУ+ЕФТА+Велика Британија).
Volkswagen T-Roc веројатно ќе ја задржи третата позиција во февруари со продадени 15,229 примероци, што е исто така импресивен раст од 68% споредено со февруари 2022 година. Сепак, и за третата позиција се води тесна битка, со оглед на фактот што Peugeot 208 заостанува зад T-Roc за само 198 примероци.
Топ 5 листата ја комплетира Opel Corsa, со продадени 14,603 примероци и безбедна предност пред Toyota Yaris Cross.
Забележлива е доминацијата на VW во однос на производителите. Имено, Германците се на пат да имаат три модели во листата на 10-те најпродавани модели во Европа. Освен споменатиот T-Roc, на осмата и деветтата позиција се моделите Golf и Tiguan.
Два модели помеѓу 10-те најпродавани има и Dacia. Малиот кросовер Duster се најде на 7-та позиција.