Slider

Новитети

Dacia со први детали за новите генерации на Logan, Sandero и Sandero Stepway

Slider

Нивната трета генерација наскоро ќе биде достапна за купувачите, а Dacia утринава ги објави првите фотографии и детали во пресрет на официјалната премиера која е закажана за крајот на месецот

07/09/2020

Достапноста на моделите на Dacia овозможија романскиот бренд да бележи позитивни резултати во рамките на својата матична групација, а голем дел од заслугите отпаѓаат на модели како што се Logan и Sandero.

Нивната трета генерација наскоро ќе биде достапна за купувачите, а Dacia утринава ги објави првите фотографии и детали во пресрет на официјалната премиера која е закажана за крајот на месецот.

Logan, Sandero и Sandero Stepway се поставени на нова платформа, што овозможува напредок во повеќе сегменти, а Dacia се реши за еволуција на дизајнот.

Трите модели сега изгледаат потрендовски, добиваат нов LED потпис во „Y“ форма, кој очигледно ќе стане заштитен знак на гамата на Dacia, а производителот најавува и многу порафиниран изглед на ентериерот.

Sandero Stepway го задржува специфичниот кросоверски израз, со поголем клиренс, кровни носачи, изразена робустност и заштитни елементи на браниците.

Најавите се дека во понудата на мотори ќе бидат два 1.0-литарски бензинци со 75 и 100 коњски сили, како и дизел изведба со 95 коњски сили.

Сите останати детали ќе бидат соопштение на официјалната премиера.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider