Вести

Дамите го избраа својот фаворит: Range Rover Evoque прогласен за женски SUV автомобил за 2019 година

Токму RR Evoque добил најмногу гласови од специјализираното жири со претставнички од 32 земји, па како најдобар SUV/кросовер за дамите, го доби признанието на свеченост во Дубаи

20/11/2019

Дамите возачи ги следат трендовите и експресно се вљубија во големиот број SUV модели и кросовери, чиј број постојано се зголемува и го прави изборот многу покомплициран.

Изборот на женските возачи можеме да го забележиме секојдневно, а нивниот глас на некој начин се слуша преку изборот за Женски автомобил на годината, во кој учествуваат специјализирани новинарки од целиот свет.

Ако е јасно дека SUV сегментот е најпопуларен во светски рамки, тогаш јасно е дека изборот на жирито за 2019 година предизвика сериозно внимание, а победата ја однесе Range Rover Evoque и тоа пред Citroën C5 Aircross и Lexus UX.

Втората генерација на Range Rover Evoque продолжи по стапките на претходникот кој своевремено се претвори во експресен хит во премиум SUV понудата и најави успешен модел кој и денеска е меѓу најпосакуваните во класата.

Evoque доби модерна и свежа реинтерпретација на својот препознатлив дизајн и силуета со кои се издвојуваше, а доби и неверојатно голем број на технолошки иновации, безбедносни системи и напредна конективност.

Дека неговите квалитети остануваат неодоливи посебно меѓу дамите кои сакаат да влезат на SUV територија, покажува и изборот за Женски светски автомобил на годината за 2019 година, на кој Evoque победи во конкуренција на 21 модел.

Токму RR Evoque добил најмногу гласови од специјализираното жири со претставнички од 32 земји, па како најдобар SUV/кросовер за дамите, го доби признанието на свеченост во Дубаи.

Evoque располага со модерни и еколошки мотори, ги исполнува сите најстроги норми, а производителот го потенцира фактот дека досега од премиерата на моделот, тој има добиено 224 награди и се продава во 127 земји во светот (меѓу кои и Македонија).

Важен предуслов за возачите е безбедноста, а RR Evoque без проблеми освои пет ѕвездички на Euro NCAP тестот.

Останати победници по класи се Mazda 3, Kia XCeed, Kia Soul EV, BMW 8 Series и Porsche 911.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider