Slider

Вести

Defender го прифати предизвикот: Land Rover го испраќа легендарниот теренец на Рели Дакар

Slider

Британскиот бренд најави дека ќе испрати две 110 изведби од своето сериско производство, а во нив ќе бидат транспортирани опрема, лекови, како и помошен персонал како поддршка за возачите на BRX

25/12/2020

Land Rover реши да се вклучи во новото издание на легендарното Рели Дакар и да испрати два примерока на Defender 110 на една навистина предизвикувачка мисија.

Defender нема да се натпреварува на релито, иако Land Rover има забележано успеси во минатото на ова рели, туку ќе биде поддршка за новоформираниот тим Bahrain Raid Xtreme.

Британскиот бренд најави дека ќе испрати две 110 изведби од своето сериско производство, а во нив ќе бидат транспортирани опрема, лекови, како и помошен персонал како поддршка за возачите на BRX.

За разлика од возачите кои можат да погрешат, па и да се откажат од настапот, Defender мора да биде на висина на задачата се додека е потребен и неговиот 4×4 потенцијал ќе мора да ги издржи сите екстремни препреки, со што постојано ќе биде поддршка за екипажите на BRX.

BRX ќе биде меѓу фаворитите за највисок пласман, а тоа е многу јасно ако се знае дека возачкиот тим во кој се вклучени Себастијан Леб и Нани Рома, што ја прави и улога на придружниот тим уште посериозна.

Двата примерока на Land Rover Defender 110 треба да минат 13 денови и 7.646 километри низ јужноамериканските пустини како поддршка за екипажите на Леб и Рома, а производителот соопшти дека под поклопецот ќе располагаат со бензински мотор со шест цилиндри и MHEV технологија, а ќе употребуваат и дополнителна опрема со која ќе ја зголемат функционалноста при транспортот.

Релито Дакар е дел од богата историја на Land Rover, бидејќи токму овој бренд победи на првото издание во 1979 година, а го повтори успехот две години подоцна (со Range Rover V8), на изданијата кои се возеа на оригиналната Париз-Дакар рута, со финиш во главниот град на Сенегал.

Претстојното издание за 2021 година ќе се одржи меѓу 3 и 15 јануари и ќе биде второ по ред организирано целосно во Саудиска Арабија. Трката ќе започне и заврши во Џеда, а значајна промена е што ќе се вози по целосно нова рута во однос на минатата година.

Повеќе содржини за Land Rover:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider