Slide 1
Slide 1

Вести

Defender за три години ќе прерасне во под-бренд на Land Rover, со серија на луксузни моделски изведби

Slide 1
Slide 1

Со оглед на тоа дека плановите за луксузна линија на Defender модели се во почетна фаза, првиот луксузен Defender би пристигнал во салоните дури кон крајот на 2024.

13/09/2021

Land Rover наскоро ќе го претстави Defender 130, најголемата изведба на Defender, но во меѓувреме менаџментот на JLR ги сумира можностите за претворање на моделот Defender во под-бренд со цела серија на Defender модели. Во моментов се размислува за креирање на луксузна верзија во стилот на Range Rover, и уште една пик-ап верзија која ќе биде базирана на стандардниот модел. Од друга страна, веќе се напуштени плановите за креирање на помала верзија базирана на Discovery Sport.

Извори во Jaguar Land Rover наведуваат дека директорите на брендот сметаат дека Defender има потенцијал да прерасне во високо-профитна линија на модели како што е случајот со Range Rover. Доколку се остварат плановите, цела гама на модели со ознаката Defender треба да пристигнe во автомобилските салони веќе на почетокот на 2025 година. Реализацијата на планот значително ќе ја смени иднината на JLR, бидејќи во тој случај, дури 6 од вкупно 9-те модели ќе бидат модели кои генерираат високи профити за компанијата.

Jaguar Land Rover во изминатите неколку години се фокусираше на зајакнување на трите Land Rover серии: Defender, Range Rover и Discovery. Според новиот план, планирана е промена во позиционирањето на компанијата и во однос на продажните маржи, кои треба значително да се зголемат. 

Големи се очекувањата на JLR од Defender, бидејќи успешната експанзија на овој модел во серија на модели би можело да доведе до најдобра финансиска ситуација во историјата на брендот. 

Според неофицијалните извори, планиран е модел базиран на MLA платформата, додека прекинати се плановите за помалиот модел, кој требаше да биде поставен на EMA платформата.

Софистицираната MLA платформа најпрво ќе дебитира кон крајот на годината кај новата генерација на Range Rover. Во иднина таа ќе биде основа за производство на следните генерации на Range Rover Sport, Velar како и Discovery 6.

MLA платформата има карактеристики на “флексибилна” платформа која е најпогодна за развој на електрични возила. Но, освен електричните, на неа може да се постават и хибриди и плаг-ин хибриди.

Новата серија на модели на Defender неминовно ќе биде многу полуксузна од тековниот модел, кој се произведува во Словачка. Се очекува помалку ригиден ентериер, кој, сепак, значително ќе се разликува од оној во Range Rover. Defender веќе има модел со V8 мотор, кој чини над 100.000 евра, па новата MLA платформа се очекува во иднина да го направи моделот подостапен и на поширока целна група. Планираните електрични изведби на Defender треба да бидат силен конкурент на Mercedes EQG моделот. 

Но, сепак, што се однесува до електричните модели базирани на MLA платформата, хронолошки JLR најпрво ќе им даде предност на Velar и Range Rover, пред истото да го направи и со Defender.

Поставувањето на луксузната Defender линија на MLA платформата ќе овозможи изведба со седум седишта. Но, ова ќе треба да се изведе внимателно, имајќи го предвид фактот дека продажбите на петтата генерација на Discovery беа намалени како резултат на лансирањето на Defender.

Во првите 6 месеци од 2021, продажбата на Discovery изнесува нешто под 10.000 примероци, со што се позиционира како најслабо продаван Land Rover помеѓу седумте модели на брендот. Следнот на листата е Velar со безмалку 22.000 продадени примeроци во истиот период. 

Очигледно е дека луксузен Defender со седум седишта ќе биде потенцијална закана за следната генерација на Discovery. Заради тоа, многу е важно JLR значително да го диференцира брендот Discovery во очите на купувачите. 

Со оглед на тоа дека плановите за луксузна линија на Defender модели се во почетна фаза, првиот луксузен Defender би пристигнал во салоните дури кон крајот на 2024. 

Но, претходно ќе се прошири тековната понуда на Defender, со лансирањето на изведбата 130 со осум седишта во 2022. Оваа изведба е значително подолга споредено со тековниот Defender 110, при што најголемата разлика во должината е резултат на продолжениот заден дел.

Според изворите, новиот Defender ќе биде долг 5.1 метри и ќе биде насочен кон кинескиот пазар, каде постои голема побарувачка за големи SUV возила. 

Оваа изведба, заедно со пик-ап изведбата ќе бидат клучни за проширување на целната група на Defender, како и негово позиционирање како под-бренд во стилот на Ford Mustang. 

Повеќе содржини за Land Rover:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање