Slide

Стории

Денес на авто-производителите им се потребни 127 работници за производство на 1,000 возила, споредено со 89-те во 2020

Slide

Денес на добавувачите во просек им се потребни 263 работници за да се произведат 1,000 примероци од една компонента, кои потоа се вградуваат во возилата.

01/07/2022

Добавувачите сѐ уште се соочуваат со последиците од зголемените трошоци за материјали и суровини, како и нивниот недостиг.

На прв поглед, 2021 година беше година за камбек на најголемите добавувачи на компоненти во автомобилската индустрија.

Имено, од 100-те најголеми добавувачи, дури 84 забележале раст споредено со претходната 2020 година, кога стартот на пандемијата значително го отежна нивното работење.

Првите 10 добавувачи на листата минатата година забележале $321.5 милијарди приход, што претставува раст од 10 проценти споредено со претходната година.

Но, доколку се погледне малку подетално, се забележува дека овие компании сѐ уште се соочуваат со големи предизвици поради растот на цените на материјалите, но и логистичкиот предизвик тие да се обезбедат на време и во потребните количини.

Ова во голема мера е резултат на враќањето во нормала по завршувањето на пандемијата, период кој ги затекна автомобилските производители со мали залихи на возила во комбинација со сѐ поголема побарувачка. Токму растот на побарувачката влијаеше позитивно на профитите на автомобилските компании во 2021 година.

Имено, Toyota Motor Corp. забележа добивка од $24.51 милијарди. Вкупната добивка на најголемите американски и европски производители во 2021 беше двојно повисока од претходната и изнесуваше $115.2 милијарди.

Но, автомобилските добавувачи имаат сѐ поголем број на нови предизвици. Производството на автомобилски компоненти во последните неколку години стана сѐ посложено и поскапо. Денес на добавувачите во просек им се потребни 263 работници за да се произведат 1,000 примероци од една компонента, кои потоа се вградуваат во возилата. За споредба, само пред две години за истото (производство на 1,000 примероци од една компонента) потребни биле околу 200 вработени.

На автомобилските производители, пак, им се потребни 127 работници за производство на 1,000 возила, споредено со 89, кои им биле потребни до пред неколку години.

Сега има многу дополнителни трошоци за производство на aвтомобилите.

Во оваа комплексна ситуација, автомобилските производители имаат малку покомотна позиција споредено со добавувачите, бидејќи непречено можат да ги зголемуваат цените на автомобилите кои ги продаваат. За разлика од нив, добавувачите преку договори со автомобилските производители, се обврзани да не ги менуваат цените за време на период од неколку години.

Од нив најдобро сѐ уште котира германскиот гигант Robert Bosch, кој минатата година оствари продажба во вредност од $49.14 милијарди.

Канадската компанија Magna, со вкупна продажба од $36.2 милијарди, се најде на 4-тата позиција.

Continental падна за две позиции, (од 6-тата на 8-мата), но треба да се напомене дека компанијата Vitesco Technologies од минатата година се одвои од Continental и настапува како самостојна компанија.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила