Стории
Дигитален полиглот: Laura ќе стане незаменлив сопатник во моделите на Škoda
„Океј, Лаура“ е „шифрата“ која значи активирање на напредниот асистент за комуникација со гласовни команди, при што Laura е задолжена за посакуваниот степен на персонализација, но и адаптација на голем број функции според потребите на возачот
Технолошките иновации претставуваат еден од најважните сегменти во автомобилската индустрија, а производителите постојано ги зголемуваат своите инвестиции во желбата да бидат во што подобра позиција во секогаш жестоката конкуренција.
Чешкиот производител Škoda ја потврдува тезата дека гласовните команди се иднина на комуникацијата со интелигентните софтвери во автомобилите, па затоа во 2020 година сериозен акцент ќе му биде посветен на дигиталниот асистент познат како Laura.
„Океј, Лаура“ е „шифрата“ која значи активирање на напредниот асистент за комуникација со гласовни команди, при што Laura е задолжена за посакуваниот степен на персонализација, но и адаптација на голем број функции според потребите на возачот.
На своето деби, Laura говореше шест светски јазици (англиски, германски, шпански, француски, италијански и чешки), но само неколку месеци подоцна, дигиталниот асистент го надгради својот полиглотски капацитет и сега комуницира и на дански, холандски, фински, грчки, полски, португалски, руски, шведски и турски јазик.
Одговорните во Škoda потенцираат дека не е зголемен само јазичниот потенцијал, туку и интелигенцијата, па наместо конкретна порака изразена во степени, доволно е да и соопштите на Laura дека ви е студено, за автоматски да биде зголемена температурата во автомобилот.
„Laura е млада и сѐ уште овозможува основни функции, но постојано се надградува. Во новата Octavia ќе ги разбира достапните јазици многу подобро, а на корисниците на Alexa и Google Home ќе им овозможи дополнителен број услуги и функции, – вели Андре Вехнер од Škoda.
Новиот асистент е најавен како логична дигитална еволуција на „Simply Clever“ додатоците кои се традиција на Škoda, а меѓу нејзините позитивни страни се и постојана комуникација и контрола на локацијата на автомобилот преку паметен уред, па и однапред испратена рута за ресторанот кој сопственикот го избрал додека истражувал на интернет во својот дом.
Асистентот Laura е дел од напредниот Amundsen инфо-забавен систем, во моментов е достапен кај моделите Kamiq, Scala и Superb iV, а ќе биде дел и од понудата на новата Octavia. Секој нов модел кој ќе го има на располагање овој напреден систем за гласовни команди ќе добива и дополнителни надградби и подобрувања.
– Во иднина Laura ќе може да ги адаптира почетните функции на автомобилот и да разбира многу повеќе фрази и различно изговорени реченици. Гласовните команди во иднина ќе може да се користат и за други услуги, како на пример веб апликации на Škoda, а во Шпанија на пример, веќе е овозможена комуникација на посетителите на локалниот сајт на брендот со Laura, – вели Вехнер.
Дигиталниот асистент Laura веќе го доби и признанието SmartBest 2020, кое го доделува новинарското жири на „AutoBest“.