Slide

Новитети

Дигитална премиера на третата генерација на Genesis G80

Slide

Корејскиот бренд продолжи со дизајнерската еволуција на силуетата на атрактивниот седан, гарантира повеќе простор за патниците на задната клупа, како и  поголем комфор со суспензијата подготвена за G80

30/03/2020

По првичната најава со неколку фотографии, Genesis ги откри и комплетните детали за третата генерација на Genesis G80, за која е најавен сериозен напредок во многу сегменти и уште подобра позиционираност во премиум друштвото.

Корејскиот бренд продолжи со дизајнерската еволуција на силуетата на атрактивниот седан, гарантира повеќе простор за патниците на задната клупа, како и  поголем комфор со суспензијата подготвена за G80.

Во кокпитот не е изненадување што возачот пред себе ќе има 12,3-инчна дигитална инструмент табла со 3D проекција, 14,5-инчен централен екран и внимателно избрани материјали за целиот ентериер.

Genesis G80 ќе биде достапен со три мотори, 2.5-литарскиот бензинец со 304 коњски сили и 2.2-литарскиот дизел мотор со 210 кс, односно 3.5-литарската V6 изведба со 380 коњски сили.

Корејскиот премиум бренд најави и многу безбедносни и возачки системи, односно последните достигнувања во однос на напредната технологија, испраќајќи порака до купувачите дека G80 има квалитети со кои ќе се избори за многу подобра позиција во сегментот на пазарите каде е достапен.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба