Slide

Стории

Директорката на маркетинг на Audi најавува враќање на популарноста на седаните при воведувањето на автономното управување

Slide

Вортман вели дека брендовите треба да им објаснат на купувачите зошто автоиндустријата оди кон електрификација.

07/08/2023

Хилдегард Вортман, директор за продажба и маркетинг за брендот Audi, вели дека автопроизводителите треба да ги насочат своите маркетиншки стратегии кон лесно и забавно едуцирање на купувачите во однос на електричните автомобили.

Купувачите во следните години сѐ уште ќе имаат избор помеѓу електрични и автомобили со мотори со внатрешно согорување, но според директорката на маркетинг во Audi, потребна е поголема едукација за бенефитите на електричните возила и намалување на грижите на купувачите во однос на тоа како би изгледал нивниот редовен просечен ден доколку поседуваат електрично возило.

“Сакам купувачите да бидат свесни дека постои избор и дека може да изберат електричен автомобил, и дека електричните автомобили може да поминат и над 500 километри со едон полнење, може да се полнат со брзи полначи, што според мене е и поважно отколку досегот”, изјави Вортман.

Но, според неа, автмобилските производители треба да ги едуцираат купувачите и тоа на лесен и забавен начин, за да сфатат дека “нема од што да се плашат. Вообичаено е да биде потребно време тие да се запознаат со технологијата, а има многу работи за кои треба да бидат свесни.”

Вортман вели дека брендовите треба да им објаснат на купувачите зошто автоиндустријата оди кон електрификација. “Ние не го правиме ова за да ви продадеме уште една технологија. Го правиме ова за да ја заштитиме околината и мора да ставиме крај на користењето на фосилни горива”, додава таа.

Што се однесува до прогнозите за иднината во однос на побарувачката на електрични возила според сегментите, Вортман смета дека има можност да се врати популарноста на седаните. Според неа, огромна промена ќе биде воведувањето на автономното управување. 

“Штом автономното управување стане секојдневие, седаните ќе имаат нова улога, иако мислам дека тие нема да изгледаат исто како што изгледаат седаните денес. Преку презентирање на концептот Sphere покажавме како ентериерот на возилата се менува и прераснува во покомфорен амбиент”, завршува таа.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа