Вести
Директорот на BMW е против фиксирање на датум за престанок на продажба на возила со мотори со внатрешно согорување
"Дефинирање на датум за престанок на продажба на бензински и дизел изведби на возилата може ќе предизвика недостиг од евтини односно достапни автомобили на пазарот, што во крајна линија ќе доведе до тоа голем број семејства да не можат да си дозволат да поседуваат автомобил" - Оливер Зипсе (лево).
Според Оливер Зипсе, дефинирање на фиксен датум по кој нема да се продаваат возила со мотори со внатрешно согорување може да доведе до ситуација голем дел од популацијата да не биде во можност да има свој автомобил.
“Дефинирање на датум за престанок на продажба на бензински и дизел изведби на возилата може ќе предизвика недостиг од евтини односно достапни автомобили на пазарот, што во крајна линија ќе доведе до тоа голем број семејства да не можат да си дозволат да поседуваат автомобил”, изјави тој.
Директорот на BMW зборуваше за време на настан по повод започнување на 1.8 милијарди евра вредна инвестиција во Јужна Каролина. Тој нагласи дека неговата компанија нема дефинирано краен датум за прекин на производството на возила со мотори со внатрешно согорување и предупреди за внимателност при забрана на нивната продажба.
“Не сакаме основните сегменти да останат без соодветна понуда на возила, политички тоа е многу опасно”, додаде тој.
“Доколку одеднаш се случи само богатите да може да поседуваат автомобили, тоа е опасна ситуација”.
Тој нагласи дека ја поддржува амбициозната регулатива, но сепак, дефинирање на фиксен датум ќе предизвика луѓето подолго да ги возат старите возила – а тоа не е нешто што индустријата го посакува.
Зипсе се залага за слобода при изборот – “ние ќе нудиме избор, а не ограничувања”.
За разлика од BMW, конкурентот General Motors најави планови да престане со продажба на бензински и дизел изведби по 2035 година.
Сојузната држава Калифорнија, пак, во август воведе регулатива која наложува сите возила кои ќе се продаваат во државата по 2035 да бидат или комплетно електрични или плаг-ин хибриди.
Според Зипсе, сепак, не постојат јасни сигнали дека глобално за 15 години од сега нема да има побарувачка за моторите со внатрешно согорување.
Извршниот директор на BMW се пошегува кога беше запрашан кога BMW ќе го произведе последниот мотор со внатрешно согорување: “можеби треба да ја запрашаме вазнава”, сакајќи да каже дека никој во моментов не може да знае.
“Како политичар би бил многу внимателен.” Инаку Претседателот на САД, Џо Бајден побара до 2030 година половина одо новите возила да бидат електрични или плаг-ин хибриди, но не промовираше датум за комплетна електрификација.