Slide

Стории

Директорот на брендот Volkswagen, Томас Шефер, најавува електричен модел под 20,000 евра до 2027 година

Slide

Продукциската изведба на влезниот модел на Volkswagen ќе се произведува на иста производна лента заедно со моделот на Cupra (Urban Rebel) во фабриката во Марторел во Шпанија. (Toмас Шефер, главен извршен директор на Volkswagen.)

13/04/2023

Томас Шефер забележа значаен напредок во својата кариера во Volkswagen Group, по неговото пристигнување од конкурентот Daimler во 2012 година. Тој беше поставен на директорската позиција во Skoda во 2020, додека во април минатата година беше назначен за главен оперативен директор на брендот Volkswagen. Потоа, по само неколку месеци Шефер беше унапреден во Главен извршен директор на брендот Volkswagen.

Еден од првите потези на Шефер беше промовирањето на модел кој според него, треба да чиини помалку од 25,000 евра. Овој концепт беше промовиран неодамна во Хамбург, преку студија именувана како ID2all. 

Според Шефер, промовираната цена сепак ќе овозможи солидна маржа за брендот. “Не можеме да имаме маржа помала од 6%. Преку обемот кој ќе го постигнеме со четири изведби во рамки на три бренда – два модели од VW, еден од Cupra и еден од Skoda – гарантирам дека можеме да оствариме солидна маржа. Ние не сме добротворна организација. Ние мора да заработиме од нашата работа”, изјави тој неодамна.

Но, сепак, според Шефер, нема сите четири сестрински модели да ја имаат популарната цена. “ID2all е хеџбек влезен модел. Вториот модел од Volkswagen ќе има делумно SUV изглед. Моделот на Skoda ќе биде SUV, а моделот од Cupra ќе биде всушност Urban Rebel. Тие три модели нема да чинат помалку од 25,000 евра”, додава Шефер.

Продукциската изведба на влезниот модел на Volkswagen ќе се произведува на иста производна лента заедно со моделот на Cupra (Urban Rebel) во фабриката во Марторел во Шпанија. Останатите два модели, (вториот на VW и оној на Skoda) ќе се произведуваат во Памплона, започнувајќи во втората половина на 2025.

Двете фабрики ќе бидат адаптирани за производство на електрични возила, но сепак, батериите ќе се произведуваат во Сагунто, фабрика за производство на батерии во близина на Валенсија.

Шефер коментира и во однос на годишниот производен капацитет за овие модели. “Ние не произведуваме возила под 100,000 примероци. Вообичаено ги димензионираме фабриките за годишен капацитет од 150,000, но можеме и да го удвоиме овој капацитет сѐ до 300,000, флексибилни сме.”

Сѐ додека фабриката во Сегунто не биде подготвена за производство на батерии (до 2026 година), тие ќе пристигнуваат од други фабрики како што е онаа во Салзгитер, како и од добавувачот Northvolt. 

Што се однесува, пак, до амбициозната најава за лансирање на електричен модел со цена под 20,000 евра, коментарот на Шефер е следниот: “Тој модел мора да го лансираме најдоцна до 2027 година. Ние мора да произведеме достапен електричен автомобил. Но, ова не е нешто што може да се направи многу бргу, без да се прави компромис со вредностите на нашите брендови. Овој модел веројатно нема да ја користи MEB платформата, можни се партнерства со други производители, но со оглед на нашиот обем, веројатно ќе ја развиеме самите”, завршува Шефер.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година