Slide

Вести

Директорот на Cupra најави уште два нови електрифицирани модели, покрај најавените Tavascan и Urban Rebel

Slide

Cupra беше формирана во 2018 година како спортски подбренд на Seat. Со лансирањето на компактниот кросовер Formentor во 2019, таа беше одвоена како засебен бренд.

02/03/2022

Спортскиот бренд на VW Group планира удвојување на приходите во 2022 година.

Ова значи зголемување на продажбите на безмалку 160,000 примероци споредено со 79,300 – продажбата за 2021 година. 

Доколку VW Group успее да го оствари овој резултат, пазарното учество на Cupra во Европа ќе биде слично како она на Jeep и Mazda.

Во првиот месец од годинава, Cupra во Европа продаде 5,458 примероци, што претставува раст од 47%.

Извршниот директор на Cupra, Вејн Грифитс планира удвојување и на приходите, што би значело значителен резултат за нов бренд, кој оваа седмица ќе го прослави својот четврти роденден.

Cupra беше формирана во 2018 година како спортски подбренд на Seat. Со лансирањето на компактниот кросовер Formentor во 2019, таа беше одвоена како засебен бренд.

Грифитс, кој е извршен директор и на Seat и на Cupra, минатата седмица изјави дека освен моделот со мотор со внатрешно согорување – компактниот SUV Tavascan (2024) и малиот електричен хеџбек Urban Rebel (2025), Cupra ќе лансира уште два електрифицирани модели.

“Новите модели ќе бидат позиционирани помеѓу Tavascan и Urban Rebel”, изјави Грифитс, додавајќки дека тие ќе бидат или комплетно електрични или плаг-ин хибриди. Грифитс нагласи дека новите модели ќе бидат насочени кон друга целна група споредено со тековната гама на Cupra.

Носител на брендот во моментов е моделот Formentor, кој сочинува 69% од продажбите на Cupra во 2021 година.

Помеѓу останатите модели на Cupra се и електричниот хеџбек Born, како и модификувани изведби на два модели на Seat – Leon и Ateca.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели