Slide

Вести

Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година

Slide

Во моментов, според директорот на Opel, за испорака на нивните модели се чека околу 3 до 4 месеци. Но, значајно се намалува времето на чекање за електричните модели, за кои минатата година во некои случаи беше потребно и цела година за реализација на испораките.

15/05/2023

Брендот Opel, кој е дел од големата Stellantis групација, си зададе амбициозна цел – продажба на исклучиво електрични автомобили по 2028 година. Оваа стратешка цел беше промовирана и од новиот извршен директор, кој ја презеде функцијата минатото лето.

Во насока на остварување на целта, два важни модели, хеџбекот Astra, како и компактниот SUV Grandland, наскоро ќе добијат електрични изведби.

Но, освен електрификацијата, во германскиот производител се случува и промена на продажниот модел во Европа. 

Имено, годинава во Белгија, Австрија и Холандија за првпат ќе биде воведен таканаречен агенциски продажен модел. Производителот пред неколку седмици постигна договор со претставниците на европските дилери, по што агенцискиот модел ќе ги опфати и останатите земји на Европа. 

Ова за компаниите кои се занимаваат со малопродажба значи дека тие ќе станат директен претставник на брендот, наместо независни трговци.

“Ова за нас е клучен чекор во креирањето на корисничко искуство кое купувачите го очекуваат од било кој бренд во автомобилската индустрија”, изјави Флоријан Хуетл, извршниот директор на Opel.

“Тоа значи дека целиот процес на купување на ново возило ќе биде унифициран, уште од посетата на нашата веб-страница, па потоа преку посетата на физички изложбен салон”, додава тој.

Во моментов, според директорот на Opel, за испорака на нивните модели се чека околу 3 до 4 месеци. Но, значајно се намалува времето на чекање за електричните модели, за кои минатата година во некои случаи беше потребно и цела година за реализација на испораките.

Хуетл ја коментира и стратегијата на Opel за развој на достапни електрични модели: “Ние повеќе не се обидуваме да имаме максимално голема автономоја кај електричните модели, бидејќи тоа ја покачува цената. Ова особено важи за моделите како Corsa и Mokka, каде 350 до 400 километри автономија со едно полнење на батеријата е сосема доволно.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година