Slide

Вести

Директорот на Volvo со критика до земјите кои ја стопираа забраната на ЕУ за користење на фосилни горива по 2035

Slide

Планот на Швеѓаните е до 2025 година половина од нивните продажби да се однесуваат на електрични возила, што подразбира бројка од околу 600,000 возила. (Џим Рован за време на презентацијата на електричниот знаменосец, Volvo EX90.)

15/03/2023

Џим Рован, извршниот директор на Volvo, изнесе критика до европските држави кои се обидуваат да го стопираат обидот на ЕУ да забрани продажба на нови возила кои се придвижувани од фосилни горива.

Имено, Европскиот Парламент го потврди законот на 14 февруари годинава. Истото требаше да го направат на почетокот на март. Но, дел од нив се обидуваат да го стопираат процесот. “Ова е длабоко загрижувачки развој на ситуацијата.” напиша тој на својот LinkedIn профил.

Критиката од страна на директорот на Volvo се однесува на отпорот на неколку земји на ЕУ кон законот кој забранува продажба на возила со мотори со внатрешно согорување во земјите на ЕУ по 2035 година.

“Сега не е време за враќање назад и блокирање на научно докажаните климатски таргети за нашата индустрија”, додава тој во својот пост. “Сега е време да се стават домашните политички интереси на страна, и да преовладаат оние насочени кон здравјето и добросостојбата на нашата планета и нашите граѓани, како и следните генерации. Сега е време за силна, одлучна, прогресивна политика и лидерство”. завршува Рован.

Што се однесува на Volvo, планот на Швеѓаните е до 2025 година половина од нивните продажби да се однесуваат на електрични возила, што подразбира бројка од околу 600,000 возила, додека комплетната електрификација на брендот се очекува да се спроведе до 2030 година.

Во меѓувреме, Оливер Блум, директорот на Porsche, изјави дека доколку е-горивата бидат одобрени како исклучок за користење и по 2035 година, тоа нема да влијае на долгорочната стратегија за електрификација на брендот.

“Доколку е-горивата се одобрат за користење, тоа нема да ја промени стратегијата на Porsche”, изјави Блум за време на годишната прес конференција. Блум е истовремено и извршен директор на VW Group.

Споменатата стратегија на Porsche предвидува по 2030 година дури 80% од продадените автомобили на брендот да бидат електрични.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели