Вести
Директорот на VW Group најави развојна офанзива за брендот Audi
Audi има долгорочна цел за подигнување на маржата на 13% до 2030 година, што значи зголемување за два процентни поени споредено со првите три месеци од годинава
Оливер Блуме, извршниот директор на групацијата Volkswagen, во која спаѓа и премиум производителот Audi, најави офанзива во обновување на портфолиото на брендот, особено во однос на електричните модели.
Овие напори ќе бидат ефектуирани и кај сестринските брендови Bentley, Lamborghini и Ducati.
“Растечката RS моделска линија е многу интересен дел од бизнисот, и од аспект на квалитетна клиентска база, но и од финансиски аспект за нашата компанија”, изјави Блуме. “Заради тоа, ние веќе планираме електрични изведби со високи спорстки перформанси”.
Во однос на веќе најавените лансирања, во 2024 Audi ќе го лансира Q6 E-tron, првиот модел во рамки на целата VW Group кој ќе биде поставен на PPE платформата (Premium Platform Electric). Истовремено се планира лансирање и на електричниот Macan, кој исто така ќе биде поставен на оваа платформа.
PPE платформата ќе овозможи побрзо полнење на батеријата, па од 10 до 80% полнењето ќе трае само 21 минута.
Audi има долгорочна цел за подигнување на маржата на 13% до 2030 година, што значи зголемување за два процентни поени споредено со првите три месеци од годинава (за сите четири споменати брендови во рамки на Audi Group).