Slider

Вести

Дис најави EV офанзива: Volkswagen ќе одговори на предизвикот на Tesla

Slider

Дис имал телевизиско интервју за време на Светскиот економски форум во Давос, каде потенцирал дека VW Group допрва ќе ја покаже својата сила во сегментот на електрифицирани возила

24/01/2020

Tesla е компанија која неделава успеа да ја надмине границата од 100 милијарди долари во однос на својата пазарна капитализација и во тој елемент да ја надмине групацијата Volkswagen, но нејзиниот прв човек Херберт Дис е убеден дека германскиот гигант може да го возврати ударот.

Дис имал телевизиско интервју за време на Светскиот економски форум во Давос, каде потенцирал дека VW Group допрва ќе ја покаже својата сила во сегментот на електрични возила.

– Ова е отворена трка, убедени сме дека можеме да и парираме на Tesla, a во одреден период и да ја претекнеме, смета Дис, чија компанија ги интензивира своите чекори во однос на инвестиции во софтвер, но и потребните елементи за електричните погони, вклучувајќи ги батериите.

Tesla има предност во овој сегмент, а истовремено ги започна активностите и за изградба на нова фабрика во Берлин.

– Компанијата која најдобро ќе се адаптира и ќе биде најиновативна ќе успее да ја добие трката, но на успехот ќе влијае и покриеноста на сите континенти, – дополнил Дис како прв човек на VW Group. Неговата компанија оваа година започнува со продажба на Porsche Taycan и Volkswagen ID.3, a вториот e посебно значаен бидејќи се очекува да ги надмине бројките на Tesla Model 3.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider