Slider

Новитети

Дизајнерско-технолошка еволуција: Land Rover го претстави освежениот Discovery

Slider

Иако суптилни, промените на екстериерот сериозно го освежуваат Land Rover Discovery, па неговите фанови лесно ќе ги забележат промените на предните светла, браникот, индикаторите, па и на задниот дел

10/11/2020

Land Rover постојано ја освежува својата понуда, имајќи ги предвид пребирливите купувачи и постојаното поместување на технолошките стандарди во овој сегмент од премиум понудата.

Британската марка поседува квалитет и квантитет со кој може да им парира на ривалите, а во иднина на купувачите ќе им понуди и понапредна верзија на моделот Discovery.

Специфичниот SUV познат и по своите оф-роуд квалитети изминатиов период како да беше во сенка на своите роднини, но сега е вистинско време да биде повторно актуелизиран и со одредени модификации да привлече нов бран купувачи.

Иако суптилни, промените на екстериерот сериозно го освежуваат Land Rover Discovery, па неговите фанови лесно ќе ги забележат промените на предните светла, браникот, индикаторите, па и на задниот дел.

Таму е променета графиката на светлата, додаден е црн хоризонтален панел на кој е натписот со името на моделот, а Discovery не се откажува од специфичната позиција на табличката.

Сериозно освежување се добива и во ентериерот, бидејќи Discovery оди директно на Pivi Pro инфо-забавниот систем, што значи многу повеќе опции, побрзо процесирање и поелегантен изглед со екраните на допир.

Гордоста на возачот ќе биде уште поистакната ако се знае дека во Discovery ќе располага со камера која покрива 360 степени околу автомобилот, ќе ја добие втората генерација на отклучување и активирање на моторот без клуч, како и безжична комуникација со Apple CarPlay и Android Auto.

Понудата на мотори е составена од бензински и дизел Ingenium агрегати со четири и шест цилиндри, на кои е вметната и 48V технологија на благ хибрид. Бензинските изведби ќе бидат со 300 и 360 кс, додека дизел варијациите се со 249 и 300 коњски сили.

Меѓу поважните квалитети на LR Discovery е и капацитетот за влечење приколка со тежина до 3,5 тона, како и можноста за поминување низ вода длабока до 90 сантиметри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider