Slide
Slide

Вести

Peugeot по 2030 година ќе продава само електрични автомобили во Европа

Slide
Slide

Кон средината на декадава, Stellantis ќе ги префрли сите свои модели на четири платформи конфигурирани за производство на електрични возила. Тоа се STLA Small, Medium, Large и Frame (последната е наменета за комерцијалните ванови).

08/12/2021

Францускиот бренд кој е дел од групацијата Stellantis, ќе продолжи да произведува автомобили со мотори со внатрешно согорување за пазарите надвор од Европа.

Според Линда Џексон, извршниот директор на Peugeot, секој нов модел лансиран по 2030 година ќе има комплетно електричен погон. 

Според неа, производителот ќе продолжи да произведува автомобили со мотори со внатрешно согорување кои ќе се продаваат на пазарите надвор од Европа.

“Согласно нашата транзиција кон новите платформи на Stellantis, STLA Small, Medium, Large, по 2030 година сите наши модели ќе бидат електрични” – изјави Џексон. “Но, мораме да ги задржиме погоните со мотори со внатрешно согорување за да имаме соодветна понуда за интернационалните пазари” – додава таа.

Дел од најавите за електрификација Линда Џексон ги објави и во ексклузивното интервју за autofocus.mk, кое го направивме со неа пролетва.

Комплетната електрификација на Peugeot ќе се случи 5 години пред датумот кој е содржан во предлогот на EU за производство на возила со нула емисија на штетни гасови, кој предлага автопроизводителите да преминат на комплетно електрични автомобили до 2035 година.

Голем број од конкурентите на Peugeot веќе најавија дека ќе имаат комплетно електрична гама на модели пред датумот предложен од ЕУ.

Помеѓу нив се и неколку од сестринските брендови на Peugeot од Stellantis групацијата, вклучувајќи ги DS (2026), Alfa Romeo (2027), и Opel (2028).

Според плановите на Карлос Таварес, извршниот директор на Stellantis, во 2030 година над 70% од продажбите на групацијата во Европа, односно 40% во САД треба да се однесуваат на возила со мала емисија на Co2. Под “мала емисија” се подразбираат плаг-ин хибриди или комплетно електрични модели.

Кон средината на декадава, Stellantis ќе ги префрли сите свои модели на четирите нови платформи кои се проектирани и дизајнирани за производство на електрични возила. Тоа се STLA Small, Medium, Large и Frame (последната е наменета за комерцијалните ванови). 

Иако овие платформи се дизајнирани првенствено за комплетно електрични погони, сепак, имаат можност за поставуавње и на погони со мотори со внатрешно согорување, кои ќе бидат наменети за пазари каде брзината на транзицијата кон електрични возила ќе биде помала.

Во моментов над 70% од моделите на Peugeot се електрифицирани. Под електрифицирани се сметаат модели кои во понудата имаат или комплетно електрична изведба или плаг-ин хибрид.

Во електрифицираните модели спаѓаат популарните 2008 и 208 кои имаат електрични изведби, како и компактниот SUV 3008 кој се нуди и како плаг-ин хибрид изведба. Компактот 308 ќе добие плаг-ин хибридни и комплетно електрични изведби во 2023 година. Исто така, сите модели во комерцијалната гама на брендот веќе имаат комплетно електрични изведби.

Така, покрај 308, во моментов не се електрифицирани само малото градско возило 108, (кое наскоро ќе биде дисконтинуирано) и SUV моделот 5008.

Следејќи го овој тренд, до 2024 целата гама ќе биде електрифицирана (плаг-ин хибриди или електрични изведби). Следно значајно лансирање во рамките на брендот е новата генерација на 3008, која ќе биде комплетно електрична, а ќе се произведува во фабриката во Сошо, источна Франција. Peugeot досега нема најавено планови за други погонски изведби за овој модел.

Според Џексон, околу 20% од продажбите на моделот 208 се однесуваат на комплетно електрични изведби, што е подобро од планираните 10 до 15%. Продажбите на е-2008 се нешто помали, резултат на фактот што тој модел најчесто е главниот или единствениот автомобил во семејството.

“Продажбата на електричните изведби од 2008 се нешто пониски од оние на е-208, поради тоа што компактниот кросовер најчесто е основно возило за купувачите, па тие неретко избрираат погон кој ќе им овозможи комотно да минуваат подолги растојанија” – завршува Линда Џексон.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1