Slider

Вести

Dongfeng ќе продаде дел од акциите во PSA Group, за да го олесни спојувањето со FCA

Slider

Изворите на „Аутомотив њуз“ велат дека одговорните во Dongfeng доставиле барање до неколку локални банки да пронајдат солуција за продажба на дел од акциите, а помалиот удел би бил полесно прифатлив за Комитетот за странски инвестиции на САД

06/12/2019

Кинеската компанија Dongfeng Group планира намалување на својот акционерски удел во PSA Group, со цел да го олесни спојувањето на PSA и Fiat-Chrysler.

Dongfeng има 12,2 проценти во сопственичката структура на PSA Group, a таа би се намалила двојно при најавеното спојување на двете групации, но Кинезите сакаат да спречат блокирање на процесот од страна на американските регулатори поради трговските тензии кои се актуелни на релација Вашингтон-Пекинг.

Изворите на „Аутомотив њуз“ велат дека одговорните во Dongfeng доставиле барање до неколку локални банки да пронајдат солуција за продажба на дел од акциите, а помалиот удел би бил полесно прифатлив за Комитетот за странски инвестиции на САД.

Останува нејасно дали Dongfeng ќе задржи акции за да има свое место во бордот на новоформираната групација чиј CEO ќе биде Карлос Таварес, а Кинезите се дел од PSA од 2014 година кога инвестираа за да ја спасат компанијата која беше во тешка финансиска ситуација, а има и заедничка компанија со PSA во Кина, преку која годинава продаде околу 100.000 примероци.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider