Slide
Slide

Стории

Дронови и автономни возила ќе помагаат во процесот на производство во новата фабрика на Volkswagen

Slide
Slide

Слично како и новата фабрика на Tesla, VW предвидува производството на шасии за возилата да се прави од само неколку големи делови.

24/12/2021

Volkswagen Group ќе го користи моделот на новата европска фабрика на Tesla при изградбата на својата нова фабрика во Германија.

Надзорниот борд на Volkswagen на 09. декември го одобри планот за изградба на нова фабрика за електрични возила во близина на седиштето во Волфсбург. Во фабриката ќе се произведува новиот знаменосец под името Trinity, модел кој се развива во делумна тајност, а ќе има напредна технологија за автономно управување.

Одлуката за конкретната локација на фабриката ќе биде донесена во следните неколку недели, а според Кристијан Фолмер, директорот за производство на производителот, изградбата треба да се комплетира за три години.

Тоа значи дека изградбата на фабриката би траела нешто подолго споредено со новата фабрика на Tesla во близината на Берлин, која Илон Маск планира да ја комплетира во рок од 2 години.

“Нема да ни бидат потреби повеќе од три години за да ја комплетираме фабриката за производство на Trinity”, изјави Фолмер за германските медиуми.

Според него, изградбата ќе може да започне веднаш по дефинирањето на конкретната локација. “Потоа, согласно сегашните планови, фабриката би била подготвена во 2025, а сериското производство и испораките би започнале во 2026”, додава тој.

Планот е да се изгради фабрика на еден спрат, бидејќи тоа е најефикасното решение. Но, доколку просторот е премал, во некои сегменти може да се користат и два спрата.

Според податоците, фабриката ќе опфаќа два квадратни километри, што е една третина од површината на тековната главна фабрика во Волфсбург. 

Слично како и новата фабрика на Tesla, VW предвидува производството на шасии за возилата да се прави од само неколку големи делови.

“Користењето на големи алуминиумски компоненти за предниот и задниот дел од возилото, на пример, ќе резултира со забрзување на производството”, изјави Фолмер. “Заради тоа планираме да користиме ваков производен процес во новата фабрика”.

Но, тој потсетува дека оваа одлука сѐ уште не е донесена. Тоа е заради фактот што освен брзината на производство, потребно е да се внимава и на Co2 емисиите, трошоците за материјалите, како и безбедноста.

Според некои од плановите, во фабриката се предвидува да се користат дронови за транспорт на одредени компоненти. Производителот планира да воведе и автономно движење на возила низ фабриката.

“Според мене реално е да се очекува дека примероци од моделот Trinity ќе може автономно да се движат во фабриката, од производствениот погон кон локациите за паркинг или кон делот за контрола на квалитетот”, додава Фолмер.

Што се однесува до конкретната локација, градот Волфсбург и околните општини се обидуваат да издејствуваат фабриката да биде изградена на нивна површина.

Пред една седмица Херберт Дис, директорот на Volkswagen објави заедничка фотографија со градоначалникот на Волфсбург.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1