Slide
Slide

Вести

Дури половина од времето сопствениците на Ford Kuga PHEV ја возат во 100% електричен режим

Slide
Slide

Дури две третини од рутите кои се возат со Ford Kuga PHEV се со должина од 50км или покуси. Токму ваквите рути овозможуават плаг-ин хибридот да се вози во електричен режим, во кој според WLTP SUV моделот на Ford може да помине 56 километри.

12/08/2021

Плаг-ин хибрид изведбата на Ford Kuga е најпродавано PHEV возило во Европа во последните три месеци. Имено, во вториот квартал, Ford Kuga PHEV е најдобро продаван електрифициран модел споредено со било кој плаг-ин хибрид во сите сегменти.

Продажбите на електрифицирани возила во Европа се одвиваат во добра насока: за време на вториот квартал од годинава, плаг-ин хибридните модели учествуваат со 8.4% во вкупната продажба на нови автомобили, што е за два и пол пати повеќе споредено со 2020 година.

Во април, мај и јуни годинава американскиот производител продаде безмалку 16.000 примероци од плаг-ин хибрид изведбата на Ford Kuga, a рекордот го постави во јуни со 6.300 продадени возила. Со ова Кuga PHEV стана најпопуларен плаг-ин хибрид модел во конкуренција на модели од сите пазарни сегменти. 

Успешните продажби ги мотивираа на претставниците на Ford да споделат интересни статистики во врска со користењето на нивните електрифицирани SUV модели од страна на сопствениците. 

Имено, според анонимните податоци кои автоматски се испраќаат од возилата до серверите на Ford, дури 49% од времето тие биле возени во 100% електричен режим на возење. Според овие податоци, дури две третини од рутите кои се возат со нивните возила се со должина од 50км или покуси. Токму ваквите рути овозможуават плаг-ин хибридот да се вози во електричен режим, во кој според WLTP стандардите, SUV моделот на Ford може да помине 56 километри.

Сопствениците на Ford Kuga, често практикуваат да ги полнат своите возила во ноќните часови. Имено 35% од циклусите на полнење се случуваат во текот на ноќта. Сопствениците имаат безмалку секојдневна навика да ги полнат своите возила: дури 9 од 10 последователни денови нивното возило е вклучено на полнач.

Ford неодамна објави дека до средината на 2026 година сите модели во патничката програма во Европа ќе имаат електрична или плаг-ин хибрид верзија. Ова ќе биде пракса сè до 2030 кога ќе се продаваат само електрични модели.

За остварување на овие планови Ford формираше стратегиско партнерство со Volkswagen Group за корстење на нивната MEB платформата при производство на своите електрични модели во Европа. Тие ќе започнат да се произведуваат во фабриката на Ford во Келн во 2023 година.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1
Новата генерација на компактот 308 пристигна во салонот на Еуроимпекс