Slider

Вести

Duster ја заокружи првата деценија, останува главен двигател на растот на Dacia

Slider

Според статистиката, Duster за десет години е продаден во над 3,1 милиони примероци во над 100 земји во светот, а покрај во Европа како Dacia Duster, овој SUV модел се продава со логото на Renault во Јужна Америка, Украина, Африка, Русија и Индија

08/04/2020

Премиерата на моделот Duster на Саемот во Женева во 2010 година се покажа како многу позитивен потег за Dacia, брендот кој сега го прославува десеттиот роденден на својот втор најпродаван модел.

Dacia Duster покажа дека SUV моделите можат да бидат исклучиво популарни дури и кога нивната главна предност не е луксузот, а достапните цени го направија Duster екстра популарен на европска територија, но и пошироко каде се продава со логото на Renault.

Според статистиката, Duster за десет години е продаден во над 3,1 милиони примероци во над 100 земји во светот, а покрај во Европа како Dacia Duster, овој SUV модел се продава со логото на Renault во Јужна Америка, Украина, Русија, Индија, како и во дел од Африка.

Во 2018 година беше претставена втората генерација која е актуелна и денеска и која успеа да го надгради SUV моделот со дополнителни квалитети и да го зголеми задоволството кај купувачите од повеќе аспекти.

Duster се произведува на домашна територија во Романија, но и во Бразил, Колумбија, Русија и Индија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider