Вести

Два часа стриминг на „Нетфликс“ генерира повеќе Co2 од 25 километри во автомобил

27/01/2020

Гледање видео преку некој од стриминг провајдерите како „Нетфликс“ има понегативно влијание врз животната средина отколку користењето на автомобилот за да се изнајми ДВД од локалниот ДВД клуб, – тврди франуската тинк-тенк организација „The Shift Project“.

Студијата направена за генерирањето на штетни емисии покажува дека гледањето филм на „Нетфликс“ во траење од два часа активира ланец активности, кои генерираат поголема потрошувачка на енергија, а со тоа и Co2 емисија, од возење автомобил околу 25 километри.

Истражувањето покажало дека провајдер како „Нетфликс“ во 2019 генерирал еднакви на цела Шпанија, а експертите вклучени во изработката на студијата очекуваат бројката многу бргу да се зголеми двојно бидејќи 34 проценти од онлајн територијата е зафатена од стриминг провајдери како „Нетфликс“, „Амазон Прајм“ и други.

Во моментов, дигиталните технологии, во кои се вклучени од процеси на полнење на телефон па до функционирање на серверите опфаќаат околу 4 проценти од Co2 емисијата на глобално ниво, што е повеќе од нивото на цивилниот авионски транспорт. Експерти на гигантот Huawei веќе најавија дека очекуваат до 2030 година, за користење на дигиталните технологии да се трошат 20 проценти од електричната енергија во целиот свет.

Проблемот со онлајн стримингот е што наведените компании мора да имаат достапна база која е сместена на сервери на одредена локација/локации. Серверите и базите користат многу електрична енергија, не само за да функционираат во пренесувањето на информациите, туку и за да се одржува нивната соодветна температура, а тие мора да работат 365 денови во годината.

Организациите кои се инволвирани во обидите за подигнување на свеста во однос на климатските промени одамна посочуваат дека начинот на кој ќе се добива енергијата за дигиталните технологии ќе има големо влијание во обидот да се спречат промените на планетата.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider