Slider

Вести

Два модела стигнаа до пет ѕвезди на Euro NCAP тестот

Slider

Euro NCAP денеска објави резултати од краш тестот за уште два нови модела и тоа со алтернативен погон, а Honda Jazz e:HEV и Mazda MX-30 може да се пофалат дека освоиле пет ѕвезди и покрај заострените норми воведени на оваа безбедносна контрола

12/11/2020

Безбедноста мора да остане најважен приоритет за возачите, а новите автомобили стануваат поскапи пред се и поради напредокот во овој сегмент, каде производителите користат подобрени стандарди и напредни технолошки системи.

Euro NCAP денеска објави резултати од краш тестот за уште два нови модела и тоа со алтернативен погон, а Honda Jazz e:HEV и Mazda MX-30 може да се пофалат дека освоиле пет ѕвезди и покрај заострените норми воведени на оваа безбедносна контрола.

Honda Jazz кој ќе биде достапен само како хибрид доаѓа со централно воздушно перниче во сериската опрема, а тоа е задолжено да спречи колизија меѓу возачот и совозачот, исто како што се и воздушните перничиња на задната клупа, подготвени да спречат удар на патниците во прозорците и ц столбот.

Jazz доби оцена 87% за заштита на возрасни патници, 83% за заштита на деца патници на задната клупа, високи 80% за заштита на пешаци и велосипедисти и 76% во однос на безбедносните системи.

Електричната Mazda MX-30 исто така ги оправда очекувањата и стана прв модел на јапонскиот бренд кој освоил пет ѕвезди при тестирањето со новите, построги услови.

MX-30 стигна до оцена 91% за заштита на возрасни патници, што е највисока оцена меѓу моделите тестирани во 2020 година, а исто така помина одлично при оценката за заштита на деца патници (87%).

Најслабата оцена е кај заштитата на пешаци и велосипедисти (68%), а послаб резултат од Jazz има и кај безбедносните системи (73%).

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider